Картвелски јазици
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Картвелските јазици ( ქართველური ენები) [1] или познати како јужнокавкаски јазици (грузиски: სამხრეთ კავკასიური ენები) се група јазици кои претежно се зборуваат во Грузија, но има мали заедници и во Турција, Азербејџан, Иран, Грција, Русија и Израел.[2] Се проценува дека овие јазици ги зборуваат околу 5.2 милиони жители во светот и се класифицирани (не според генеологија, туку според географија) како кавкаски јазици.
Денес, не е познато дали оваа група јазици е во сродство со некое јазично семејство во светот.[3] Првиот запис на еден од јужнокавкаските јазици е натписот од Аба Антони, кој е напишан на старогрузиски јазик со старогрузиско писмо во грузиски манастир во Витлеем[4] и овој натпис датира од 440 година.[4][5]
Remove ads
Јазици
Групата на јужнокавкаски јазици е составена од пет сродни јазика:[1][6][7][8][9][10]
- картозански јазици
- грузиски јазик (ქართული ენა, kartuli ena) - овој јазик го зборуваат околу 4.5 милиони луѓе, претежно во Грузија, но опстојуваат и грузиски емиграциски заедници во останати држави
- зански јазици
- мегрелски јазик (მარგალური ნინა, margaluri nina) - овој јазик го зборуваат околу 500.000 жители во Самегрело и Гали, Абхазија во Грузија. Поради етничкото чистење во Абхазија, голем дел од Мигрелците се раселени низ Грузија, а во Абхазија се застапени само во округот Гали.
- ласки јазик (ლაზური ნენა, lazuri nena) - овој јазик го зборуваат околу 220.000 жители покрај црноморското крајбрежје во Турција и околу 30.000 жители во Аџарија, Грузија.
- свански јазик (ლუშნუ ნინ, lušnu nin) - овој јазик го зборуваат од околу 35.000 до 40.000 жители, претежно во Сванетија, Грузија и во Кодориската Долина во Абхазија, Грузија.
Remove ads
Општествен и културен статус
Грузискиот јазик е службен јазик во Грузија, каде го зборуваат околу 90% од вкупното население на државата. Тој е исто така главен јазик во образованието и трговијата во државата. Овој јазик се пишува со грузиката азбука, уникатно писмо само за овој јазик и најстарите записи на грузиски јазик датираат од 5 век.
Од 1864 година, менгрелскиот јазик се пишува со грузиска азбука, особено во периодот од 1930 до 1938 година, кога Мегрелците имале културна автономија, како и после 1989 година. Ласкиот јазик се пишува со латиница. Во одредени периоди овој јазик се пишувал и со грузиска азбука.
Remove ads
Генеологија
Првиот предлог за генеолошката поврзаност на јазиците бил даден од Јохан Антон Гилденштет во XVIII век, а подоцна поддржан и од Г. Росен, Мари Фелисите Брос, Франц Боп и останати јазичари. Понекогаш, ласкиот и мегрелскиот јазик се сметаат за дијалекти на еден јазик, занскиот.
Врз основа на глотохронолошка анализа, Георги Климов предложил дека пракартвелскиот јазик се поделил на свански и пракартозенски јазик во 19 век п.н.е.[10][11], а понатака се поделиле и грузискиот и занскиот јазик во 8 век п.н.е.[11] Како и да е, датумите за оваа теза не се земаат за сосема сигурни и има потреба од дополнителна анализа.[10]
пракартвелски | |||||||||||||||||||||||||||||||||
пракартозански | |||||||||||||||||||||||||||||||||
празански | |||||||||||||||||||||||||||||||||
свански | ласки | мегрелски | грузиски | ||||||||||||||||||||||||||||||
До денес има направено, и делумно потврдена, генеолошка анализа само за меѓусебните врски на јазиците од оваа група. Нема утврдено теза или нема докази дека оваа група јазици се поврзани со кои било останати јазични семејства, дури и со севернокавкаските јазици. Утврдувањето на поврзаноста на јужните со северните јазици не може да се изврши поради тоа што фонолошкиот и гласовниот состем на јазиците не се совпаѓаат.[12] Некои јазичари преложиле дека картвелските јазици се дел од поголема јазична група наречена ностратски јазици, но сепак има пропусти и во оваа теза.
Некои граматички сличности, особено при деклинацијата на именките и падежите, со баскискиот јазик биле инспирација за посочување на различни тези за поврзаност на овие јазици. Овие тези за поврзаноста на јужнокавкаските јазици со останатите јазици во светот имаат недостаток на цврски докази и се сметаат за хипотетички.[12].
Често можат да се видат некои сличности меѓу севернокавкаските и јужнокавкаските јазици, но најчесто тие се како резултат на контактот меѓу јазиците и позајмените зборови, обострано.
Remove ads
Споредбена лингвистика
Фонолошки совпаѓања
Именки
- Класификација на именки
Јужнокавкаските јазици ги класифицираат предметите и единките како „интелегентини“ или „кој-класа“ и „неинтелегентни“ или „што-класа“. Во овие јазици нема граматички род.
Конкретни предмети | апстрактни предмети | ||
Живи | Мртви | ||
човечки и човеколики единки (човек, Бог, ангел итн.) | Животни | мртви физички објекти | апстрактни предмети |
интелегентни | неинтелегентни | ||
"кој"-класа | "што"-класа |
- Деклинација
Глаголи
Јужнокавкаските глаголи можат да означат едно, две или тре граматички лица. Вршителот/ те на дејноста може да биде еден (еднина) или повеќе (множина). Според бројот на лицата, глаголите се класифицираат како еднолични, дволични или тролични.
- Едноличен глагол има само подмет и е секогаш непреоден глагол.
- Дволичниот глагол има подмет и еден предмет, кој може да биде директен или индиректен предмет. Глаголот може да е:
- преоден, кога предметот е директен;
- непреоден, кога предметот е индиректен.
- Троличните глаголи имаат еден подмет и два предмета, директен и индиректен, и се двотранзитни глаголи.
- Подметот и предметите во јужнокавкаските јазици се означени со посебни наставки.
Со помош на специјални означувачи, јужнокавкаските глаголи можат да означат четири вида дејства (намери):
- подметна — дејството е наменето за самиот вршител на дејството,
- предметна— дејството е наменето за друга личност,
- предметно-пасивна — дејството е планирано за некоја друга личност и во исто време означува пасивност на вршителот на дејството,
- неутрална— неутрално дејство со почит кон намерата.
Remove ads
Наводи
Користена литература
Поврзано
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads