Картуш

From Wikipedia, the free encyclopedia

Картуш
Remove ads

Картуш во египетските хиероглифи, е овална линија со хоризонтална линија на едниот крај, што значи дека во текстот е содржано кралското име.[1] Картушите стапиле во општа употреба за време на почетокот на Четвртата династија под фараонот Снофру, а претходните примери датираат од средината на Втората династија и ги има на цилиндерните печати на Сет-Перибсен.[2][3] Додека картушата е обично вертикална со хоризонтална линија, но може да биде хоризонтална, со вертикална линија на крајот (во насока на читање) доколку е подобро за да се запише името на фараонот. Древниот египетски збор за тоа бил шену, и картушата во суштина била проширен шен прстен. Во демотското писмо, картушата била сведена на неколку загради и вертикална линија.

Thumb
Антички египетски картуш на Тутмос III, Карнак, Египет
Thumb
Фрагмент од стела која покажува картуши на Ахенатен, Нефертити и Атон, од Амарна, Египет, 18-та династија, Музеј на египетската археологија Петри, Лондон

Од петте кралски титули, картушата ги содржела кралското име, престолното име, и титулата „Синот на Ра“,[4] како и името кое било дадено при раѓањето.[5]

Повеќе информации Картуш во хиероглифи ...

Терминот картуш најпрво бил применет од француски војници кои претпоставувале дека симболот што го гледале толку често на фараонските рушевини, им личи на хартиените патрони за муниција што ги користеле тие, cartouche на француски јазик.[6]

Како хиероглиф, се користи за да го претставува египетскиот збор за „име“. Овој знак во Гардинеровиот список на знаци е наведен како бр. V10.

Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads