Касерес (покраина)
покраина во Западна Шпанија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Касерес (шпански: Cáceres) — покраина во Западна Шпанија што ја сочинува северната половина на автономната заедница Екстремадура. Седиште е истоимениот град Касерес. Други градови се Пласенсија, Корија, Навалморал де ла Мата и Трухиљо, родното место на конквистадорот Франсиско Писаро. Во 2021 г. покраината броела 387.805 жители,[1] од кои една четвртина живееле во главниот град. Низ покраината тече реката Тахо.[2]

Remove ads
Географија
Северната природна граница ја образува планината Сиера де Гредос во правец исток-запад, која е дел од Централниот Систем. На северот се Хертската Долина, клисурите Ла Вера, Амброската Долина и Лас Урдес со разни планински реки и вирови. Јужната граница ја сочинуваат Толедските Планини. Остатокот од покраината се одликува со низински предели низ кои течат реката Тахо и нејзините притоки. Планините се богати со диви животни и тука се наоѓа националниот парк Монфрагве.[2]
Remove ads
Население
Ова е населението на покраината во минатото:

Стопанство
Низинските предели се плодни и наводнувани. Најважни култури се житарките, тутунот, доматите, пиперките и црешите, а развиено е и сточарството и свињарството.
Браната „Габриел и Галан“ е една од три на реката Алагон, чија централа е одговорна за најголемиот дел од електричната енергија во покраината.[2]
Во Талаван се наоѓа третата по големина инсталација на сончеви ќелии во државата со моќност од 300 мегавати.
Административна поделба
Покраината е создадена во 1839 г. Се граничи со покраините Саламанка, Авила, Толедо и Бадахос на југ и со Португалија на запад.[2] Главен град е Касерес, каде живее една четвртина од населението на покраината. Други градови се Пласенсија, Корија, Навалморал де ла Мата, Алкантара и Трухиљо.
Покраината се состои од 223 општини. Традиционални окрузи во покраината без административна функција се Лас Виљуеркас, Лас Урдес и Монфрагве. Лас Урдес важи за едно од најсиромашните краишта во историјата на Шпанија.[2]
Remove ads
Спорт
Најважен фудбалски клуб во покраината е ФК „Касарењо“ кој игра во Втората лига (Б).
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads