Катафиги
село во Кожанско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Катафиги (грчки: Καταφύγι) — село во Кожанско, Егејска Македонија, денес во општината Серфиџе на Кожанскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 57 жители (2021).
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа високо во југозападните падини на Пиериските Планини, на 6 км источно од гратчето Велвендо, кај почетокот на Лафишката Клисура, на надморска височина од 1.050 м.[2]
Историја
Во Отоманското Царство
Според османлиски дефтер од 1528 г. во Катафиги имало 47 домаќинства со 212 жители.[3]
Во XIX век Катафиги било грчко гратче[2] во Серфиџенската каза на Серфиџенскиот санџак.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Катафиги е претставено како чисто грчко село во Серфиџенската каза на Серфиџенскиот санџак со 410 куќи.[4]
Според статистиката на грчкиот конзулат во Еласона, во 1904 г. во Катафигион (Καταφύγιον) живееле 3.000 Грци христијани.[5]
Во Грција
По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година тоа броело 2.877 жители, кои во 1920 г. се намалиле на 2.728 лица.[2] Селото многу настрадало во времето на Втората светска војна (1940–1944) од окупаторот, а исто така и за време на Граѓанската војна (1946–1949). Поради тоа, селото останало речиси празно и жителите се иселиле, претежно во поголемите градови во Грција и прекуокеанските земји. Во 1951 г. Катафиги е евидентирано со 16 жители, а во 1961 г. со 188, кои во 1971 г. повторно се намалиле на 23 лица.[2]
Remove ads
Стопанство
Населението во минатото произведувало големи количества компири и други земјоделски производи, а развиено било и сточарството. Околните шуми обилуваат со костени и ореви, чии плодови се собирале од месното население.[2]
Население
Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
Во 1918 година, селото станало самостојна општина, чиј атар зафаќал површина од 44 квадратни километри.[2] Општината Катафиги била приклучена во општината Велвендо во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Серфиџе-Велвендо.
Селото припаѓа на општинската единица Велвендо со седиште во истоименото гратче, која припаѓа на поголемата општина Велвендо, во округот Кожани. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Катафиги, во кој е единствено село.
Remove ads
Културни и природни знаменитости
Цркви
- Црква „Св. Атанасиј“ — главна селска црква, изградена во 1762 г.
Личности
Родени во Катафиги
- Јован Зизјулас (1931–2023) — грчки теолог и митрополит на Цариградската патријаршија
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads