Костен
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Костен (науч. Castanea) — род од осум до десет вида на листопадни дрва и грмушки од семејството буки (Fagaceae) со потекло од умерените краишта на северната полутопка. Поимот го означува и оревестиот плод што го дава дрвото.[1]
Ова дрво припаѓа на истото семејство како и дабот и буката. Четирите поважни вида се нарекуваат питом (европски), кинески, јапонски и американски костен.[2]
Иако имаат сличности во плодовите, костенот не е сроден со дрвото див костен, кое припаѓа на родот Aesculus.
Во Македонија, костенот е најзастапен на Беласица и Шар Планина.[3] На неколку места во земјата секоја година се одржуваат т.н. „костенијади“, каде на различни начини се промовираат костените и костеновото дрво.
Remove ads
Опис
Костените растат мошне бргу, со ислучок на кинескиот, чиј раст е умерен.[4] Во висина се движат од грмушести,[5] па сè до американскиот вид (Castanea dentata), кој достигнува 60 м. Со среден раст се јапонскиот костен (Castanea crenata) со просек од 10 м и кинескиот костен (Castanea mollissima) со 15 м. Поголем е европскиот (питомиот) костен, (Castanea sativa) висок околу 30 м.[6]
Кинескиот и (особено) јапонскиот се поразгранети и порашитени,[6] додека пак останатите имаат исправено и масивно стебло, со големи густи крошни.[4] Лисјата на европскиот и американскиот добиваат впечатлива жолта боја на есен.[7]
Кората е мазна кога дрвото е младо и има[8] црвеникаво-кафена боја кај американскиот[9] и сива кај европскиот костен. Со растот, американските стануваат сиви и потемни, со дебело набрано стебло. Наборите одат по должината и знаат да се завијат околу стеблото налик на усукан гајтан.[4]

Листовите се прости, јајцевидни или копјести, долги по 10–30 см, со ширина од 4–10 см. Запците се распоредени на извесно растојание и имаат остри врвови со жилички.[10]
Цветовите се јавуваат по листовите, кон крајот на пролетта, почетокот на летото,[4] или пак во јули.[5] Распоредени се во долги реси од машки и женски тип[5] — обете на истото дрво, и имаат опоен мирис.[9] Некои реси се сочинети само од машки цветови, кои узреваат први. Секој цвет има по осум прашници, додека кинескиот костен има 10 до 12.[11] Други реси имаат поленови цветови на, но кај матичното гранче имаат и женски плодородни цветови. Два до три цвета заедно образуваат четириделна боцкава ежовка, која подоцна сраснува и го обвива плодот.[4]

Плодовите лежат во боцкави ежовки со пречник од 5–11 см, честопати во парови или повеќе заедно.[5] Ежовката може да има еден до седум плода, зависно од видот, вариететот и сортата.[12][13][14][15] Кога плодовите ќе узреат, ежовките стануваат жолтокадени и се расцепуваат на два или четири дела.
Remove ads
Употреба

Исхрана
Костените се јадат печени, варени или сомелени во брашно, од кое се прави леб, колачи, палачинки, тестенини. Покрај ова, фино мелениот костен скробен елемент во запршки, чорби и сосови.
Дрво

Костеновото дрво е мошне трајно и особено издрлживо при изложеност на временските услови.[16]
Дрвото има светлокафеав, украсен изглед, сличен на дабовиот, но дава поголемо количество на квалитетно дрво. Се избегнува употреба на постаро дрво бидејќи лесно се криви и престанува да биде издржливо, наспроти дабот, кој ги задржува особините и во староста.[4][16] Затоа, костенот не се користи во големи талпи како граѓа, туку за помал надворешен мебел, огради и покривни плочки.[16] Во Италија од него се прават и буриња.
Од листовите и лушпите на костенот се произведува шампон.[17]
Remove ads
Костенот како мотив во уметноста
- „Костен“ (српски: Кестен) — песна на српскиот поет Васко Попа.[18]
Галерија
- Питом костен
- Питом костен
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads