Качанички Срез
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Качанички Срез — административна единица, која опстојувала во Кралството Србија и Кралството Југославија.

Организација и население
Кралство Србија
После Втората балканска војна, 1913 г. областа службено влегува во границите на Србија. Качаничкиот Срез припаѓал на Скопскиот округ, заедно со Велешкиот и Скопскиот Срез. Како центар на срезот било гратчето Качаник. Во 1913 година тој има 4 општини, со 28 села, 4 селца, едено гратче, без манастири. Градското населние изнесувало 1.236, додека селското население изнесувало 7.058 жители.[1]
Кралство СХС
Во 1921 година, срезот исто така имал 4 општини и еден град. Општината Качаник имала 4.102 жители, а качаничката околина имала 6.625 жители.
Јазик
Во срезот Качаник 97% од населението говорело арнаутски[2], додека 2% српски или хрватски[3].[4]
Религија
Во срезот Качаник 98% биле муслимани, додека 2% од населението било православно.[5]
Кралство Југославија
Во 1931 година, Качаничкиот Срез имал 3 општини. Тој бил дел од Вардарска бановина. Вкупното население било 12.466. Како православни се изјасниле 5% од жителите, додека како муслимани 94%.[6]
6% од жителите говореле на македонски, српски, хрватски или словенечки[7], додека 93% говореле на арнаутски[2].
Во ФНРЈ и СФРЈ
По Втората светска војна, срезот престанал да постои, бидејќи бил поделен помеѓу соседните срезови.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
