Скопски Срез

From Wikipedia, the free encyclopedia

Скопски Срез
Remove ads

Скопски Срез — административна единица, која опстојувала во Кралството Србија, Кралството Југославија.

Thumb
     Скопскиот Срез во рамките на Кралството Србија 1913.

Организација и население

Кралство Србија

После Втората балканска војна, 1913 г. областа службено влегува во границите на Србија. Скопскиот Срез припаѓал на Скопскиот округ, заедно со Велешкиот и Качаничкиот Срез. Како центар на срезот бил градот Скопје. Во 1913 година тој има 25 општини, со 139 села, 4 селца, еден град и 12 манастири. Градското населние изнесувало 47.384, додека селското население изнесувало 51.364 жители. [1]

Повеќе информации Број, Име на општината ...

Кралство СХС

Во 1921 година, срезот исто така имал 25 општини и еден град. Градот Скопје имал 40.666 жители, а скопската околина имала 51.158 жители.

Јазик

Во градот Скопје 52% од населението говорело српски или хрватски[2], додека 34% говореле на турски јазик. Од другата страна пак, во скопската околина 56% говореле на српски или хрватски, а втор најкористен јазик бил арнаутскиот[3] (36%).[4]

Повеќе информации Јазик, Скопска околина ...

Религија

Во градот Скопје 54% од населението било православно, додека 38% биле муслимани. Од другата страна пак, во скопската околина 50% биле православни и 50% биле муслимани.[5]

Повеќе информации Религија, Скопска околина ...

Кралство Југославија

Во 1931 година, скопскиот срез имал 24 општини и еден град. Тој бил дел од Вардарска бановина. Вкупното градско население било 68.334, додека селското население било 59.718. Целиот срез имал 128.052 жители. Како православни се изјасниле 55% од жителите, додека како муслимани 40%.[6]

60% од жителите збореле македонски, српски, хрватски или словенечки[7], додека 19% збореле на арнаутски[3].

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads