Кајлари
град во Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Кајлари или Кајлар (грчки: Πτολεμαΐδα, Птолемаида) — град во Егејска Македонија. Денес има 37.289 жители и се наоѓа помеѓу окрузите Лерин, Кожани и Меглен во Западна Македонија. Градот е голем индустриски и стопански центар на Грција и произведува над 70 % од струјата во државата.
Remove ads
Remove ads
Име
Грчката верзија на името потекнува од Птоломеј Лаг, првиот генерал на Александар Македонски, согласно политиката на присвојување на древната историја на Македонија. Многу Македонци живеат тука и во околниот крај.[2][3]
Култура
Фудбалскиот клуб на Кајлар се нарекува Еордаикос (грчки: Εορδαϊκός). Друг тим е ФК Птолемаидас. Градот има училишта, градинки, гимназии, цркви, банки, пошта, железничка станица (Кожани - Лерин), полициска станица, кула на вода, и плоштади. Постои потенцијал во блиска иднида во градот да се отвори универзитет. Музејот на антропологија и фолклор е со седиште во градот.
Стопанство
Ова е високоразвиен индустриски центар. Четирите електрани во оваа област произведуваат 70% од електричната енергија во Грција, со користење на големи локални депозити на лигнит како гориво. Електраните се во сопственост на Електростопанство на Грција (ДЕИ), главниот работодавач во градот. Фабриката е посветена на премиер на Грција во тоа време, Константин Караманлис. Другите две се во Суровичево во Леринско и во Топчилар.
Етнички состав на населението
Значителен дел од жителите на Кајлари денес се Грци доселени од Мала Азија или нивни потомци. Тие биле бегалци кои први пристигнале во Егејска Македонија во текот на 1920-тите години како резултат на размената на населението согласно Лозанскиот договор. Има и значителен број на Македонци, особено во соседните села.
Поврзано
- Кајларско Поле (Сариѓол)
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads