Мосова скала

From Wikipedia, the free encyclopedia

Мосова скала
Remove ads

Мосова скала — скала со која се изразува цврстината на минералите, карактеризирајќи ја способноста на потврдиот материјал да го изгребе помекиот. Осмислена е во 1812 г. од германскиот геолог и минералог Фридрих Мос и претставува еден од неколкуте начини на изразување на цврстината (тврдоста) на материјалите.[1] Методот на споредување на цврстината со гребење е многу стар. Прв го споменува Теофраст во неговата расправа „За камењата“ (~ 300 п.н.е.), а потоа Плиниј Постариот во неговото дело „Природознание“ (Naturalis Historia, ~ 77 г.).[2][3][4]

Thumb
Претстава на Мосовата скала на спомен-плоча на нејзиниот творец во Виена
Remove ads

Минерали

Мосовата скала на цврстина на минералите се заснова на способноста на примерок од еден материјал да изгребе примерок од друг. Мос користел само примероци на минерали како чисти супстанции што се среќаваат во природата. Камењата и карпите се составени од еден или повеќе минерали.[5] Како најцврства природна супстанција, дијамантот се котира највисоко на скалата. Цврстината на еден материјал се наоѓа со споредба со скалата, т.е. наоѓајќи кој е најтврдиот материјал што дадениот материјал може да го изгребе, и/или најмекиот материјал што може да изгребе даден материјал. На пример, ако некој материјал може да се изгребе со апатит, но не со флуорит, тогаш неговата цврстина на Мосовата скала ќе биде некаде помеѓу 4 и 5.[6]

Мосовата скала е чисто редна скала. На пример, корундот (9) е двапати поцврст од топазот (8), но дијамантот (10) е речиси четири пати потврд од корундот. Во табелата подолу е дадена споредба со апсолутната цврстина измерена со склерометар, заедно со слики од примерите.[7][8]

Повеќе информации Мосова цврстина, Минерал ...

На Мосовата скала, графитот (од кој е направена мината кај моливите) има цврстина од 1,5; нокт: 2,2–2,5; бакарна паричка: 3,2–3,5; џебно ноже: 5,1; сечило од нож: 5,5; прозорско стакло: 5,5; а челична турпија има цврстина од 6,5.[9] Плоча за траги (неглазиран порцелан за гребење на минералот за да се добие прав) има цврстина од 7,0. Користејќи ги познатите цврстини на овие обични материјали имаме прост начин на приближно утврдување на положбата на еден минерал на скалата.[1]

Remove ads

Поподробен преглед на цврстини

Во табелата подолу се наведени разни други супстанции што се котираат некаде помеѓу целобројните степени на цврстина:

Повеќе информации Цврстина, Супстанција или минерал ...
Remove ads

Цврстина според Викерс

Еве споредба на цврстината на материјалите по методот на Мос и методот на Викерс:[14]

Повеќе информации Минерал, Цврстина (Мос) ...

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads