Кејти Ледецки

From Wikipedia, the free encyclopedia

Кејти Ледецки
Remove ads

Кетлин Ледецки (родена на 17 март 1997) е американска пливачка која е специјализирана во дисциплината краул и таа е освојувач на златен медал од Летните олимписки игри 2012. На своето олимписко деби во Лондон, Ледецки го освоила златото во трката на 800 метри краул со второ најбрзо време на сите времиња. Таа е американски рекордер на 800м краул.

Кратки факти Кејти Ледецки, Лични информации ...
Thumb
Ледецки пред нејзината последна средношколска трка
Remove ads

Летни олимписки игри 2012

На изборното натпреварување на САД за Летните олимписки игри во Омаха, Небраска, нејзиното прво големо натпреварување, Ледецки се приклучила на олимпискиот тим на САД за ЛОИ 2012 со победата на трката на 800 метри краул со време од 8:19.78, кое било за две секунди побрзо од времето на второпласираната Кејти Ѕиглер.[1] Во Омаха, Ледецки исто така се пласирана трета на 400 метри краул (4:05.00) и деветта на 200 метри краул (1:58.66).[2][3] На 15 години, таа била најмладиот член на Американскиот олимписки тим, вклучувајќи ги спортистите од сите спортови.[4]

На Летните олимписки игри 2012 во Лондон, Ледецки го освоила златото во дисциплината 800 метри краул, со предност од четири секунди пред второпласираната Миреја Белмонте Гарсија и време од 8:14.63. Времето на Ледецки било второ најбрзо време на сите времиња и било послабо само од светскиот рекорд на Ребека Адлингтон од 8:14.10 поставен во 2008.[5] Воедно, таа го срушила американскиот рекорд на Џенет Еванс од 8:16.22 поставен во 1989 година.

Remove ads

Лични рекорди

Од 3 август 2012 година

Повеќе информации Дисциплина, Време ...

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads