Кирил Дојчиновски
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Кирил Дојчиновски (роден на 14 јули 1943 , Скопје, Југославија — 10 август 2022 ) — поранешен македонски и југословенски фудбалер.
Remove ads
Животопис
Кирил Дојчиновски е роден на 14 јули 1943 година во Скопје. Починал на 10 август 2022 година во родниот град.[1]
Кариера
Кирил својата кариера ја започнал во ФК Вардар. За првиот тим заиграл во сезоната 1963-1964, а дресот на Вардар го носел до јуни 1967 и во тој период одиграл 106 првенствени натпревари. Потоа, тој преминал во Црвена звезда, а дебитирал на 22 јули 1967. До 14 мај 1974 година, тој одиграл вкупно 420 натпревари за Црвена звезда од кои 189 биле првенствени при што постигнал 11 голови. Со Црвена звезда освоил четири шампионски титули: 1967-1968, 1968-1969, 1969-1970 и 1972-1973, како и два трофеи од Фудбалскиот Куп на Југославија (1968 и 1970). Кариерата ја продолжи во Франција, во екипите Троја (1974-1975) и Париз (1975-1977) каде што ја завршил кариерата.
Дојчиновски играл и за фудбалската репрезентација на СФРЈ при што настапил и на Светското првенство во 1974 година.[2]
По завршувањето на професионалната кариера, тој работел како тренер на неколку клубови во Ел Салвадор, а исто така бил и тренер на фудбалската репрезентација на Ел Салвадор. Потоа, тој бил тренер и неколку македонски фудбалски клубови, како: ФК Вардар, ФК Пелистер, ФК Македонија Ѓорче Петров, ФК Брегалница од Штип и ФК Брегалница од Делчево.[3]
Remove ads
Надворешни врски
- Профил на Репрезентација РС Архивирано на 9 јуни 2009 г.
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads