Кирино
покраина на Филипините From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Кирино е покраина на Филипините која е сместена во регионот Кагајанска Долина на Лусон. Главен град е Кабарогис. Името го добила според Елпидио Кирино, кој бил шести претседател на Филипините. Покраината се граничи со Аурора на југоисток, Нова Вискаја на запад, и Исабела на север.
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Remove ads
Демографија
Според пописот од 2000 Кирино имаше 148.575 жители го вкупна густина од 49 жители на км2. Најзастапен е Илоканскиот јазик, кој го зборуваат одолу 71,46 % од вкупното население. Ифугао јазикот е доминантена на висорамнините.
Стопанство
Како во целиот регион Кагајанска Долина, така и во Кирино земјоделството е најзастапената стопанска гранка со енормно производство на ориз и пченка.
Административна поделба
Кирино е поделена на 6 Општини.
Историја
Пред Кирино на се оформи и да добие независност, таа беше ретко населена шумска област која беше дел од покраината Нова Вискаја. Во неа живееја само неколку племиња од народот Негритоси.
Надворешни врски
- Управен портал на покраината Архивирано на 7 ноември 2005 г.
- WOW Philippines - Кирино Архивирано на 26 февруари 2009 г.


Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
