Кирли Дервент
планински превој во Леринско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Кирли Дервент (грчки: Κιρλί Ντερβέν, турски: Kirli Dervent, во превод Валкан Превој) — планински превој во Леринско, Егејска Македонија.[1]
Remove ads
Опис
Превојот се наоѓа ма височина од 760 м меѓу ридовите Кара Дуру (1.009 м, дел од Нередска Планина) на запад и планината Мала Ниџе (Стрмно Брдо, 857 м, дел од Ниџе) на исток.[1] Во Кирли Дервент се наоаѓа селото Церово.[2] Претставува важна сообраќајница која ја поврзува котлината Пелагонија на север со котлината Сариѓол на југ, и низ него минува државниот пат Елевсина - Негочани (EO3) и железница. Превојот е кривулест и широк 100-300 м со стрмни карпести страни високи до 1000 м.[3][4][5]
Remove ads
Историја
Низ историјата на овој превој се случиле бројни вооружени судири. Во 358 г. п.н.е. се одиграла Битката во долината на Еригон, веднаш западно од Кирли Дервент, во која Филип II Македонски им нанел решителен пораз на Дарданците.[6] На 19 октомври 1912 г. за време на Првата балканска војна превојот бил заземен во заедничка акција на грчката армия и Костурската соединета чета на војводата Васил Чакаларов.[7] На 19 август 1916 г. во Првата светска војна за време на Леринската битка, VIII пешадиска тунџанска дивизија на Бугарската армија успеала да го заземе Кирли Дервент по тешки борби со Антантата. Во Втората светска војна превојот е освоен од I оклопна СС-дивизија „Телесна гарда на Адолф Хитлер“ по ожесточената Битка кај Баница.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads