Кирли Дервент

планински превој во Леринско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Кирли Дервент (грчки: Κιρλί Ντερβέν, турски: Kirli Dervent, во превод Валкан Превој) — планински превој во Леринско, Егејска Македонија.[1]

Кратки факти Кирли Дервент, Надм. вис. ...
Remove ads

Опис

Превојот се наоѓа ма височина од 760 м меѓу ридовите Кара Дуру (1.009 м, дел од Нередска Планина) на запад и планината Мала Ниџе (Стрмно Брдо, 857 м, дел од Ниџе) на исток.[1] Во Кирли Дервент се наоаѓа селото Церово.[2] Претставува важна сообраќајница која ја поврзува котлината Пелагонија на север со котлината Сариѓол на југ, и низ него минува државниот пат Елевсина - Негочани (EO3) и железница. Превојот е кривулест и широк 100-300 м со стрмни карпести страни високи до 1000 м.[3][4][5]

Remove ads

Историја

Низ историјата на овој превој се случиле бројни вооружени судири. Во 358 г. п.н.е. се одиграла Битката во долината на Еригон, веднаш западно од Кирли Дервент, во која Филип II Македонски им нанел решителен пораз на Дарданците.[6] На 19 октомври 1912 г. за време на Првата балканска војна превојот бил заземен во заедничка акција на грчката армия и Костурската соединета чета на војводата Васил Чакаларов.[7] На 19 август 1916 г. во Првата светска војна за време на Леринската битка, VIII пешадиска тунџанска дивизија на Бугарската армија успеала да го заземе Кирли Дервент по тешки борби со Антантата. Во Втората светска војна превојот е освоен од I оклопна СС-дивизија „Телесна гарда на Адолф Хитлер“ по ожесточената Битка кај Баница.

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads