Кладно

From Wikipedia, the free encyclopedia

Кладноmap
Remove ads

Кладно (чешки: Kladno) — значаен град во Чешка и најголемиот град на историската област Бохемија. Кладно е најголемиот град и административна единица на Средночешкиот крај, но не и седиште (тоа е главниот град Прага, која го опкружува овој крај, но е независна единица, Прага). Кладно е седиште на засебната област Кладно во овој крај.

50°9′N 14°6′E
Кратки факти Земја, Регион ...

Градот е познат како „најголемото предградие“ на Прага, бидејќи се наоѓа на само 25 км од центарот на чешката престолнина.

Remove ads

Географски одлики

Кладно се наоѓа во западниот дел на Чешка и е оддалечен 25 километри од главниот град Прага на запад. Се наоѓа во историската област Бохемија. Градот се наоѓа на надморска височина од приближно 380 метри. Западно од градот се издига Кривоклатската планина.  Климата во градот е умерено континентална. Во градот нема реки, а во близина на градот се наоѓа Кладенското езеро.

Историја

Подрачјето на Кладно било населено уште во времето на праисторијата. Населбата под тековното име, за првпат во пишани документи се споменува во 14. век. Градот со векови бил средиште на тешката индустрија во Бохемија.

Во 1919 година станал дел од новосоздадената Република Чехословачка. За време на комунизмот градот бил нагло индустријализиран и дошло до нагло зголемување на населението. По осамосотојувањето на Чешка дошло до опаѓање на активностите на тешката индустрија.

Remove ads

Население

Кладно денес има околу 68 илјади жители, а во последните години бројот на жители во градот полека се зголемува. Покрај чесите, во градот живеат словаци и Роми.

Фотографии од градот

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads