Клисура (географија)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Клисура (латински: clausura ), кланец[1] или дервен[2] – тесна и длабока речна долина со високи и стрмни страни.[3]
Клисури настануваат под дејство на флувијалната или речна ерозија. Клисурите се долини во речните текови кои настануваат со селективна ерозија на карпите, така што просторите со потврди карпи се стрмни и тесни.[4] Кај нас постојат бројни клисури — Дреновска, Демиркаписка, Бродска, Скочивирска и др.
Доколку клисурите се протегаат во помала должина тогаш се именуваат како сатески, се јавуваат во композитни долини на големи реки.
Remove ads
Галерија
- Поглед на Скочивирската Клисура
- Дебарското Езеро во Дримколската Клисура помеѓу падините на Стогово и Караорман на исток (лево) и Јабланица на запад (десно)
- Реката Раец во Дреновската Клисура
- Поглед на реката Вардар во Таорската Клисура
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads