Клиф Бартон
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Клифорд Ли Бартон (англиски: Clifford Lee Burton) (10 февруари 1962 , САД - 26 септември 1986 , Шведска) — американски музичар, а воедно и басист на хеви метал бендот Металика. На групата им се придружил во 1982 година и дал свој придонес во првите три албуми на Металика, кои се сметаат за класици на треш метал музиката. Бартон бил познат по неговите виртуозни настапи во живо и по тоа што ја внесувал неопходната ритмика и мелодија во нивните песни. Починал на 27 септември 1986 год, во сообраќајна несреќа за време на турнејата низ Шведска. Посмртно му било доделено место во Рокенрол куќата на славните како дел од Металика на 4 април 2009 година.

Remove ads
Детство и рана младост
Клиф Бартон е роден на 10 февруари 1962 година во Тенеси, САД, како најмлад син на Џен и Реј Бартон.[1] Имал постар брат Скот и сестра Кони. Како ученик во средно училиште играл бејзбол за школскиот тим и го освоил првото место на локалниот натпревар со другите училишта. По завршување на средното образование, станал член на бендот Траума. И покрај гламурот и театралноста на останатите членови при нивните свирки во живо, Бартон бил забележлив по неговото ритмичко удирање со глава и долгата црвена коса. Со овој бенд снимил и една демо снимка, но таму не успеал да го докаже својот раскошен талент за музицирање.[2]
Remove ads
Кариерата со Металика
Примање во групата
Не поминало долго време додека младите основачи на Металика го насетиле неговиот голем музички потенцијал. Тапанарот Ларс Улрих и вокалот и гитарист Џејмс Хетфилд присуствувале на еден настап на Траума во живо, каде биле позитивно изненадени од неверојатното бас-соло во изведба на Бартон. По ова, тие го контактирале и му го понудиле местото на басист, каде претходно свирел Рон МекГовни.[3] Бартон прифатил, но под услов целиот бенд Металика да се преселат во Сан Франциско.[4] Поради големата желба да го имаат Бартон во составот, групата се согласила.
Првите денови во бендот
Неговото доаѓање во Металика донело позитивни вибрации помеѓу неговите колеги. Неговите брилијантни изведби се одликувале со многу емоционалност и префинетост. Бас-солажите кои ги свирел претставувале мешавина од џез и психоделични мелодии. Добар пример за ова тврдење е песната „(Anesthesia) Pulling Teeth“ од деби албумот Kill 'Em All.[5] Освен што свирел, тој исто така активно учествувал во компонирањето песни за вториот албум на групата, насловен како Ride the Lightning. Напишал музика за шест од осумте песни на албумот, од кои највпечатлива е иснтрументалната композиција „The Call Of Ktulu“, каде бас гитарата е ставена во водечка улога пред другите две електрични гитари.
Докажување во хеви-метал заедницата
1986 година бил одбележана со излегувањето на култниот треш метал албум Master of Puppets, каде перформансот на Бартон бил обележје на ова парче музика. Песната „Orion“ ќе остане запомнета по неговото маестрално бас-соло, кое се смета за едно од најдобрите во модерната музика. По издавањето на ова ЦД, Металика заминале на турнеја низ САД заедно со рокерот Ози Озборн. Откако успешно ја одработиле нивната најголема концертна турнеја дотогаш, групата за првпат заминала во посета на Европа. На 26 септември Металика одржале концерт за паметење во Стокхолм, Шведска, каде Џејмс Хетфилд првпат свирел на гитара по тешките претрпени изгореници на раката, а Бартон имал одлична вечер на басот. Се чинело дека ништо не може да им застане на Металика на патот кон ѕвездите.
Remove ads
Трагичната смрт

Сообраќајната несреќа
Групата бил на пат помеѓу Стокхолм и Копенхаген, за да настапи на 27 септември во Данска. Членовите на бендот влечеле карти за тоа кој каде ќе спие во автобусот.[6] Бартон извлекол единица и го одбрал местото на Кирк Хамет. Во раните утрински часови возачот на автобусот загубил контрола врз возилото и излетал од патот. Автобусот се превртел неколкупати и конечно застанал превртен на онаа страна каде бил Бартон.[7] Полицијата брзо реагирала, но кога со дигалка го кренале автобусот, Бартон веќе бил мртов. Телото било пренесено во САД и кремирано,[6] а малку подоцна и погребано.
Металика по неговата смрт
По овој настан, Металика едно време дури и помислувале да прекинат со музиката. На крајот, сепак одлучиле да не се откажуваат и да ја исполнат желбата на нивниот довчерашен басист за светска доминација на Металика. Во едно интервју Кирк Хамет изјавил:
По несреќата секој од нас самостојно одлучи сета наталожена фрустрација и гнев да ги исфрлиме на сцената, каде и впрочем им е местото. Најлошото нешто што можевме да го направиме е да престанеме со свирки и да кукаме во празно. Колку повеќе би мислеле на таа работа, толку подлабоко би тонеле во меланхолија и патетичност. Би било нефер кон самиот Клиф да застанеме кога сме дотуркале толку далеку. И кога би бил жив и поради некоја причина не би можел да свири, пак би нѐ бодрел да одиме до крај.
—велат од Металика
Дискографија
Студиски албуми
Демо снимки
Компилации
|
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads