Кодракалангочит (Црвивци)

археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Кодракалангочитархеолошко наоѓалиште во кичевското село Црвивци. Претставува населба од неолитско време. Се наоѓа на околу 500 м југозападно од селото и на околу 150 м од Зајаска Река. На благата падина под ридот Чука, што постепено се спушта кон полето, поточно во приватни ниви, што зафаќаат простор од 3 декара, има множество фрагменти од керамички садови, орудија од кремен и куќен лепеж. Според фактурата, бојата и другите типолошки одлики на керамиката, населбата е среднонеолитска и културно блиска на велушко-породинската група од Пелагонија.[1]

Повеќе информации Основни податоци ...
Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads