Црвивци
село во Општина Кичево From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Црвивци — село во областа Горно Кичево, во Општина Кичево, сместено во околината на градот Кичево.
Remove ads
Етимологија
Постои верување дека името на селото дошло од тоа дека во него имало црква. Црквата се наоѓала во месноста Чука над селото, а самите мештани викале дека била „латинска“. На месноста во 1923 година биле откриени поголем број монети.[2]
Географија и местоположба

Селото се наоѓа во областа Горно Кичево, сместено во Кичевската Котлина, во северниот дел на подрачјето на Општина Кичево, сместено североисточно од градот Кичево.[3] Селото е рамничарско, на надморска височина од 640 метри. Од градот Кичево е оддалечено 5 километри.[3]
Селото е сместено помеѓу самата котлина и повисокото земјиште од ридот Вардино на север. Поради тоа, селото поседува поволни услови за земјоделство и сточарство. Околни села се: Осломеј, Колибари, Лазаровци, Стрелци и други.[4]
Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Чука, Гола Мара, Лаг, Пакошта, Фуша (Поле) и други.[4]
Селото има збиен тип. Може да се издвојат повеќе маала наречени по родови, како што се Балаж, Челиковци, Спаиовци, Врангеловци и други.[4]
Remove ads
Историја

Црвивци е старо село во Кичевско, кое најпрвин било населено само со словенско-христијанско население. Првпат е споменато во 1300 година кога е наведено селото Чрвчиштам, а историчарите претпоставуваат дека се работи за Црвивци.[4]
Селото се сретнува под името Црвица во втората половина на XV век во турските пописни дефтери, кога имало 51 словенско-христијанска куќа,[4] во кои имало 46 семејства, 3 неженети и 2 вдовици, сите христијани.[5]
Кон крајот на XVIII и почетокот на XIX век започнале да се населуваат муслиманските Арбанаси, кои потекнувале од областа Мат, во северна Албанија. Православните Македонци во текот на XIX век постојано се иселувале. Околу 1870 година се иселиле и последните седум домаќинства.[4]
Преданието кажува дека Албанците удриле на селото од страна на Зајас за Велигден, кога се играло оро, убиле многу луѓе, а жените ги заробиле и се вселиле како „во своја куќа“.[2]
Во XIX век, Црвивци било село во Кичевската каза на Отоманското Царство.
Стопанство

Атарот зафаќа простор од 6,4 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 399 хектари, на пасиштата отпаѓаат 173 хектари.[3]
Селото, во основа, има полјоделска функција. Во селото има услужни објекти.[3]
Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото имало 425 жители, сите Македонци муслимани.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 550 Албанци.[7]
Селото е големо и населено со албанско население. Во 1961 година броело 841 жител, додека во 1994 година бројот се зголемил на 1.373 жители.[3]
Пописот од 1991 година не бил воопшто одржан во селото Стрелци, бидејќи целото негово население одбило да учествува, односно го бојкотирало неговото одржување, поради што за таа пописна година, за селото нема податоци.[заб 1]
Според пописот од 2002 година, во селото Црвивци живееле 1.725 жители, од кои 1.702 Албанци, 3 Македонци, 1 Бошњак и 19 останати.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 705 жители, од кои 671 Албанец и 34 лица без податоци.[9]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]
Родови
Црвивци е албанско село, во кое живеат албански и поалбанчени македонски муслимански родови.[4]
Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1960-тите години родови во селото се:
- Албански родови: Балаж (околу 18 к.), потеклото им е од областа Матија во Северна Албанија. Имаат истоимени роднини во други кичевски села: Србица (околу 35 к.) и Ново Село (24 к.); Спаија (околу 25 к.), и нивното потекло е исто како на претходниот род. Имаат истоимени роднини во споменатото кичевско село Србица (околу 75 к.); Челиковци (околу 20 к.), потеклото им е како на претходните родови. Имаат истоимени роднини во кичевското село Зајас (околу 40 к.); Чадоровци (околу 10 к.), потеклото им е како на претходните родови. Една нивна гранка од две куќи преминала во кичевското село Жубрино и Кумовци (околу 6 к.), веројатно имаат исто потекло како и претходните родови. Нивни истоимени роднини живеат во кичевското село Гарани (6 к.).
- Македонски поалбанчени родови: Даговци (околу 6 к.), доселени се од кичевското село Горно Строгомиште. Таму имаат истоимени роднини. Потекнуваат од поалбанчени Торбеши и Врангеловци (околу 16 к.), и тие имаат истоимени роднини во кичевското село Горно Строгомиште (4 к.) и Лисичани (1 к.).
- Останати родови чие потекло не е утврдено: Миџовци (околу 8 к.), Тиковци (околу 6 к.), Баловци (околу 6 к.) и Речковци (околу 4 к.). Т. Смилјаниќ - Брадина за родовите Миџовци и Речковци има запишано дека се староседелци.
Според истражувањата, пак, на Тома Смиљаниќ во периодот од 1921-1926 година родови во селото се:[2]
- Староседелци: Миџовци (5 к.) и Речковци (2 к.).
- Доселеници: Челиковци (Бајрактаровци, 17 к.), Тиковци (5 к.) и Врангеловци (15 к.), сите по потекло од Дебар; Спаиовци (20 к.), по потекло од Мат, а дошле од Зајас и биле спахии; Чадоровци (10 к.), дошле од Гостивар; Даговци (4 к.), дошле од Строгомишта; Балажовци (14 к.), дошле од Мат и имаат роднини во Србица и Ново Село; Бисаровци (5 к.), дошле од Зајас и Баловци (4 к.), дошле од Арангел.
Remove ads
Општествени установи
- Основно училиште „Милто Гура“, подрачно деветгодишно основно училиште во состав на ОУ „Милто Гура“ - Стрелци
Самоуправа и политика
Селото влегува во рамките на Општина Кичево, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2013 година. Во периодот од 1996-2013 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Осломеј.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кичево. Селото припаѓало на некогашната општина Кичево во периодот од 1955 до 1965 година.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Осломеј, во која покрај селото Црвивци, се наоѓале и селата Арангел, Гарани, Жубрино, Лазаровци, Мамудовци, Ново Село, Осломеј, Премка, Србица, Стрелци и Шутово. Општината Осломеј постоела и во периодот 1950-1952, кога влегувале селата Жубрино, Осломеј и Црвивци.
Избирачко место
Во селото постојат избирачките места бр. 0790 и 0791 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[14]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 1.515 гласачи.[15]
Remove ads
Културни и природни знаменитости

- Археолошки наоѓалишта[16]
- Латинска Црква — црква од средниот век; и
- Кодракалангочит — населба од неолитско време.
- Цркви
Во минатото во селото постоела црква, која се наоѓала на месноста Чука, по која се верува дека и самото село се вика. Околу црквата се наоѓале христијански гробови, чии плочи подоцна биле употребени за градежен материјал.[2][4]
- Џамии[17]
- Џамија — главна селска џамија
Remove ads
Иселеништво
Познато е дека македонските родови Мојсоски (2 к.) и Билески (2 к.) се иселиле во соседното село Лазаровци. Т. Смилјаниќ - Брадина ги споменува и родовите Токмаковци, Цаневци и Мисаиловци, кои се иселиле во кичевското село Раштани. За целосниот обем на иселувањето на македонските родови од селото нема целосни податоци.[4]
Наводи
Поврзано
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads