Колера

From Wikipedia, the free encyclopedia

Колера
Remove ads

Колерата е акутно, инфекциско заболување ендемско за Азија.

Кратки факти Колера, Специјалност ...
    Ве молиме, обрнете внимание на ова важно предупредување
во врска со темите од областа на медицината (здравјето).

Колерата ја предизвикува Vibrio cholerae во два биотипа - класичен и El Tor. Вториот тип може да преживее подолго во природа, може да предизвика субклинички случаи, има подолг период на фекална екскреција од организмот и може да се пренесува од случај на случај или преку вода и храна.

  • пренесувањето на колера е најчесто преку заразена вода која се црпи од плитки и незаштитени бунари и исто така флаширана вода со мраз.
  • морската храна исто така се посочува како можен извор, особено сирова или малку готвена

Најголем дел од луѓето заразени со V. cholerae имаат блага до средно изразена дијареја но доколку навреме не се лекува, колерата е една од најбрзоширечките, фатални инфекции воопшто познати

  • во ендемски области
    • најчесто заболуваат децата
    • случаите се поретки кај повозрасни лица поради имунитетот стекнат со тек на време
  • во неендемски области не постои специфична возрасна група над која колерата делува, општо земено, целото население нема развиено имунитет за одбрана од болеста....
Remove ads

Патогенеза

Vibrio cholerae го колонизира тенкото црево и произведува моќен ендотоксин кој се врзува за ГМИ - ганглиозиден рецептор на клеточната мембрана со помош на врзувачки единици. Активните подединици на ендотоксинот влегуваат во клетката и ја активираат аденил циклазата. Ова резултира со акумулација на цикличен АМП, кој стимулира активна секреција на јонски соли, хлориди, фосфор и HCO3 а со нив и вода. Резултатот е дијареја.

Remove ads

Лекување

Thumb
Пациент со колера прима рехидратациона терапија

Воглавно, лекувањето се состои во терапија за рехидрација. Со помош на ваква терапија смртноста кај случаите заболени од колера е намалена на помалку од 1%. Најчесто, рехидрацијата е орална но кај колабирани пациенти се применува и интравенозна рехидрација.

Употребата на антибиотици (тетрациклин) помага да се искорени инфекцијата и исто така да се намали траењето на болеста.

Remove ads

Надворешни врски

Кратки факти Класификација, Надворешни извори ...


Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads