Коле Давчев
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Коле Томов Давчев ( во Кадино — 16 април 1945 во Врпоље) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
Потекнувал од сиромашно селско семејство. Завршил основно училиште, а потоа се занимавал со земјоделство. По ослободувањето на Македонија стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада со која заминал во Косово и во нејзин состав учествувал во ликвидирањето на дезориентираните балистички банди. Со XV македонски корпус заминал за Срем, каде завршил тримесечна воена стручна настава и добро се запознал со новодобиеното оружје. Бил учесник во големиот пробив на Сремскиот фронт. На 16 април 1945 година неговата Бригада водела жестока борба кај Врпоље. При јуришот на овој град храбро загинал. Закопан бил на борбената позиција кај Врпоље.[1]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads