Колибалар
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Колибалар (грчки: Πλαγιοχώρι, Плагиохори, до 1927 Κολυμπαλάρ, Колибалар)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 14 километри североисточно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро и на падините на планината Градешко Тепе. Селото се наоѓа на надморска височина од 368 метри.
Историја
Оваа мала колибарска населба во минатото била населена со турско муслиманско население.
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека од селото се иселиле муслиманските жители[3]. Во 1927 година, селото било преименувано во Химадио.[4]
Демографија
Во 1928 година селото било чисто бегалско со 62 жители бегалци.[5], додека во 1940 година селото броело 161 жител. Селото во пописот од 1951 година броело 127 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 210 жители, во 1971 година имало 101 жител, во 1981 година имало 13 жители, додека во 1991 година имало 11 жители[6]. Денеска, населението на селото е 46 жители според пописот од 2001 година.
Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads