Колт

From Wikipedia, the free encyclopedia

Колт
Remove ads

Колт биле Рок бенд од Скопје, Македонија, основани во 2014 година од гитаристот Томи Апостолов и басистот Никола Велевски, и заокружени со вокалот Златко Петровски и тапанарот Дејан Которчевиќ. Пред распадот во 2016 година, тапанарот Котор бил замет со Владо Крстевски, а вокалот Златко бил привремено заменет од Томи и Ник.

Кратки факти Kolt Колт, Животописни податоци ...

Нивната музика е хибрид од различни жанрови, вклучувајќи Хард рок, Панк-рок, Блуз, Алтернативен рок, Гранџ, Прогресивен метал, и Џез.

Бендот има издадено еден Студиски албум и едно EP. Нејасно е што би се случило со необјавениот и неснимен материјал.

Remove ads

Историја

Формација и “Equilibrium”

Колт биле формирани во јануари 2014 година, добивајќи го името по американскиот пронаоѓач и индустријалец Семјуел Колт, но поради стилски причини, Томи и Ник одлучиле името да започнува на "К", наместо на "Ц". Во следните неколку месеци, Томи и Ник создале и работеле на 26 песни вметнувајќи различни жанрови – главно хард-рок, алтернативен рок, панк-рок, метал и блуз.

Во Мај 2014 година, Томи стапил во контакт со Златко Петровски кој ја прифатил поканата да се приклучи на групата како вокал и текстописец. Истиот месец, поставата на бендот е заокружена од страна на тапанарот Дејан Которчевиќ - Котор. Не трошејќи го своето време, веднаш одлучиле да влезат во студио и да снимат единаесет од дваесет и шест песни за нивниот деби албум со наслов "Equilibrium". Кога ги завршиле сесиите, кон крајот на Септември, започнале со редовни проби на материјалот за настапи во живо, додека Томи работел на миксот и мастерот на албумот.

На 29 ноември 2014 година, своето прво појавување во јавноста, Колт, го имале како дел од Таксират "Лузер фест" во кој дебитирале со четири песни од претстојното издание.[2] "Equilibrium" бил независно објавен на 12 декември 2014 година. Една недела подоцна, на 17 декември учествувале на јубилејниот 30-ти "Рок Фест".[3] На 10 јануари 2015 година, за првпат се појавиле на националната телевизија Алфа, за промоција на "Еквилибриум", претставувајќи се со синглот "Dry".[4]

“Solipse” и раздорот на бендот

Во Февруари, Колт, настапиле на фестивалот "Земјотрес 3",[5] и започнале да го снимаат материјалот за вториот албум "Solipse", претежно вметнувајќи прогресивен рок и метал, и примеси на џез – нови елементи на нивниот звук. Целиот албум бил снимен во слободен проток, а темпото на тапаните и басот се снимени во живо.

Во Мај го снимиле своето прво музичко видео за песната "Chess" и учествувале на "Македонските Алтернативни Награди". Во Септември, со одбран материјал од двата албума, во поинтимно издание настапиле на четвртиот, годишен "Acoustic Square Festival".[6] На 9 Октомври била промоцијата на музичкото видео на "Chess", заедно со краток документарен филм за неговото снимање.[7] На 6 ноември заедно со „Cutting Edge“ одржале заедничка концертна промоција на своите албуми.[8] Од средината на Ноември до крајот на Јануари, 2016 година, бендот настапил во повеќе прилики низ различни градови на територијата на Република Македонија.

На 29 јануари, Колт настапиле на “Infinity Festival Vol.1”, замислен како годишен настан организиран од страна на бендот.[9] Во Февруари, започнале со творење на нови песни, со тоа што една демо песна, насловена “Egotistical Singularity”, бива најоформена песна за третото издание. Исто така, идејата за флеш игра, со нив како карактерите, добива поголемо внимание.

На 19 март, по рутинска свирка, бендот спорел околу предлогот, кој го дал Котор, да се вклучи и ритам гитарист на места на кои бендот ќе свири преработки од различни бендови. Иако спорот бил оставен да се одлучи во наредните денови, Томи го отпушта Котор во истиот час. Разочаран од начинот на кој Томи се справил со стварите, Златко го напуштил бендот. Следниот ден одлучиле да не се издаваат песните снимени во целост “Tethered Cry”, “Motormouth”, “Clinomania” и “The River”, додека последните две песни, “Jupiter’s Rain” и “King” немале исполнети вокали. Причината е Златко, којшто не сакал неговите текстови да се користат, иако веднаш потоа се покајал и направил напор да го убеди Томи да издадат уште еден последен албум, неуспешно. Преработка на песната “Would” од Alice in Chains е исто така неиздадена, иако била снимена во целост.

"Solipse", единственото EP, било објавенo на 3 април 2016 година, а бендот продолжил без Златко и Котор.

Потешкотиите, последните настапи и распадот

По откажувањето на веќе договорени настапи, Колт веднаш започнале со барање на замени. Неуспешни на неколку месеци, сè додека не го најдат тапанарот Владо Крстевски. Набрзо, добиле изненадувачка покана од “Демофест”, годишен фестивал кој се одржува во Бања Лука, Босна и Херцеговина.[10] Експресно започнуваат со подготовки за настап. На 21 јули, настапиле со песната „Elegy of Destruction“ на првиот полуфинален ден. Не успеале да се квалификуваат во финалето.

На 1 Септември, настапуваат на Бла-Бла Стејџот како дел од Пиволенд.[11]

На 15 Декември, поради недостиг на оптимизам, иако немало голем недостаток на материјал за втор албум, Ник одлучил да го напушти бендот. И Томи и Владо ја прифатиле неговата одлука, па на истиот ден, по скоро три години, официјално се распаднале.

Remove ads

Музички стил

Освен Хард рок, првите сесии на бендот се повеќе ориентирани кон Панк-рок и Блуз од кои произлегуваат песни како "Brutality", "The Smell" и "Patriot" , додека "Night" и "Lemonade" се напишани како класични блуз рифови.

Примарни влијанија на првиот албум се уметници како: Soundgarden, Foo Fighters, The Melvins, Skunk Anansie, Monster Magnet, Them Crooked Vultures, Мади Вотерс, Slash, Velvet Revolver и Guns N' Roses.

Како што сесиите продолжуваат, бендот посегнува кон Прогресивен метал, со што се создаваат песни како "Zophist`s Respite" и " Heterogeneous". Песната "Jupiter`s Rain" има најистакнати примеси на Џез.

Идеите и влијанијата за вториот албум се од уметниците: Porcupine Tree, Tool, Џеф Бакли, Opeth, Alice in Chains, Alter Bridge, Black Keys, Pantera, Black Label Society, Aghora, Korn, Foo Fighters, Velvet Revolver, Soundgarden и Куртис Мејфилд.

Remove ads

Дискографија

  • Equilibrium (2014)[12]
  • Solipse (2016)[13]

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads