Белешки за Галската војна

книга од Гај Јулиј Цецар From Wikipedia, the free encyclopedia

Белешки за Галската војна
Remove ads

Белешки за Галската војна (латински: Commentarii de bello Gallico) — текст што во 50-те и 40-те години п.н.е. го напишал римскиот воjсководец и државник Гај Јулиј Цезар за да го опише сопственото освојување на ГалијаГалската војна.

Кратки факти Автор, Изворен наслов ...
Remove ads

Технички опис

Текстот се состои од осум книги[1] и е напишан во трето лице. Се смета за едно од најпознатите и најцитираните дела на римската книжевност, односно како најпознати воени мемоари во историјата на човештвото. Поради елегантниот, но едноставен прозен стил, „Белешки за Галската војна“ со векови се користи во образовни цели, односно за што полесно запознавање на учениците со латинскиот јазик.

Мотив за пишување

Иако главен мотив за пишување на Цезар му била политичката пропаганда, односно настојувањето да ги оправда своите постапки во Галија пред римската јавност и да се пофали со своите спектакуларни воени успеси, пва дечп се смета за еден од највредните пишани извори за античката историја, особено кога во прашање се подрачјата на северозападна Европа. Цезар е првиот автор кој детално ги опишал тамошните народи и нивниот начин на живеење, а неговата книга е единствениот колку-толку веродостоен извор за предримска Галија, односно со овие текстови започнува и пишуваната историја на Британија. Исто така, книгата се смета за една од првите етнолошки студии во историјата.

Се претпоставува дека Цезар не ја довршил книгата сам, односно дека поради зафатеност со граѓанската војна, напишал само седум книги; осмата ја довршил неговиот помошник Авел Хирциј.

Remove ads

Надворешни врски

Кратки факти
Thumb
C. Iulii Caesaris quae extant, 1678

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads