Ѓумурџина
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ѓумурџина ([Κομοτηνή] Error: {{Langx}}: unrecognized language code: gr (help), Комотини, турски: Gümülcine, Ѓумулџине) — главен град на округот Родопи во источниот дел на Источна Македонија и Тракија. Градот Ѓумурџина е административен центар, но најголем и најважен град е Кавала.[2]
Remove ads
Природни услови
Ѓумурџина се наоѓа во средишниот дел на грчка Тракија, на местото каде рамницата преоѓа во брдско подрачје на север. Градот се наоѓа на надморска висина од 32 до 38 м. Северно од градот се простира приморскиот дел на планинската верига Родопи. Јужно од градот се простира рамница до не така оддалеченото Егејско Море (околу 20 км). Климата во градот е изменето средоземна, со топли лета и ладни зими. Близу Ѓумурџина е Порто Лаго (34 км кон југозапад). Порто Лаго се наоѓа на тесен појас земја меѓу заливот Вистони и лагуната Вистони. Ова подрачје е познато по разноликоста на птиците и рибите.
Remove ads
Историја


Во околината на градот Ѓумурџина откриени се остатоци од праисториски луѓе, веројатно предци на Тракијците. Во римско време ова подрачје значително напредувало, пред сè благодарение на добрата местоположба на Вија Игнација. На крајот на овој период доаѓа до пробој на варварите на ова подрачје, па младата византиска држава од градот прави тврдина, која и денес е сочувана над современиот град.
Во текот на XX се случиле големи промени во подрачјето. Со Првата балканска војна од 1912 година дотогашното турско подрачје станува дел од Бугарија, но после Првата светска војна и даден на Грција. После тоа, заради Грчко-турската војна од 1922-1923 година, дошло до иселување на Турците и останатите муслимани и доселување на Грци од Мала Азија. За време на Втората светска војна дошло до осовременување на градот што довело до негов раст.
Remove ads
Знаменитости
Ѓумурџина е позната по добро сочуваната балканска архитектура во рамките на старото градско јадро. Покрај другите знаменитости има и неколку интересни музеи (археолошки, на народната уметност и византиски музеј на црковната уметност).
Население
Според пописот од 2011 година, градот брои 66 919 жители. Населението е поделено на Грци (скоро половината) и муслиманско малцинство во Грција (скоро половина), кое опстанало во Тракија. Остатокот го чинат Роми и Ерменци. Поголемиот дел од месните муслимани се сметаат за Турци. Многубројно е грчкото население со потекло од Мала Азија, а во поново време и од просторот на бившиот Советски Сојуз.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads