Конско
село во Општина Гевгелија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Конско — село во Општина Гевгелија, во областа Влахомеглен, недалеку од градот Гевгелија.
За други истоимени места, погледајте Конско (појаснување).
Remove ads
Географија и местоположба

Населбата се наоѓа во областа Влахомеглен, во западниот дел на територијата на Општина Гевгелија. Селото е сместено под југоисточната падина на планината Кожуф.[2] Селото е планинско, сместено на надморска височина од 600 метри.[2]
Историја
Селото било тешко оштетено при Валандовскиот земјотрес во 1931 година.[3]
Вкупно 12 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[4]
Стопанство
Атарот зафаќа површина од 66,3 км2.[2]
Селото има полјоделска функција.[2]
Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Конско имало 560 жители, сите Власи.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Конско имало 640 жители.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 500 Македонци.[7]
Селото било наполно раселено во 1994 година, а во 1991 година броело само еден жител.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Конско имало 4 жители, сите Македонци.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 11 жители, од кои 10 Македонци и 1 лице без податоци.[9]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]
Remove ads
Самоуправа и политика
Во XIX век, Конско било христијанско влашко село во рамките на Гевгелиската каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Гевгелија, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Миравци. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Гевгелија.
Во периодот 1950-1952, селото било во рамките на некогашната општина Горничет, во која влегувале селата Горничет, Конско, Моин и Ума.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Гевгелиска градска општина, во која покрај селото Конско се наоѓале градот Гевгелија и селата Горничет, Конско, Моин, Мрзенци и Ума.
Во периодот 1955-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Гевгелија.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Гевгелија.
Избирачко место
Селото е опфатено во избирачкото место бр. 0354 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на младински дом на селото Ново Конско.[14]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 111 гласачи.[15]
Remove ads
Културни и природни знаменитости
- Цркви[16]
- Црква „Св. Димитриј” — главна селска црква
- Реки[17]
- Конска Река — десна притока на Вардар
- Езера
- Конско Езеро — вештачко езеро во изградба
Личности
Личности родени во Конско:
- Никола Димитров Алчинов — македонски револуционер од ВМОРО.[18]
- Георге Илков Камчев — македонски револуционер од ВМОРО.[19]
- Трајко Аврамов Михов — македонски револуционер од ВМОРО.[20]
- Мена Алчинова — учесник во НОВ на Македонија
- Марика Алчинова — учесник во НОВ на Македонија
- Драга Божинова — учесник во НОВ на Македонија
- Доца Георгиева — учесник во НОВ на Македонија
- Јордана Георгиева — учесник во НОВ на Македонија
- Димитар Георгиев — учесник во НОВ на Македонија
- Султана Георгиева — учесник во НОВ на Македонија
- Марика Маџарова Дејкова — учесник во НОВ на Македонија
- Јованка Дучкова — учесник во НОВ на Македонија
Remove ads
Галерија
- Споменик од НОБ
- Чешма во селото
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads