Констанца
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Констанца или Ќустенџа (романски: Constanța) — град во југоисточниот дел на Романија, во регионот на Добруџа, на брегот на Црно Море. Констанца историски е познат како Томис (грчки: Κωνστάντζα), Ќустенџа (бугарски: Кюстенджа) и Костенџе (турски: Кюстенджа). радот е најстаро населено место во Романија, основан во околу 600 година п.н.е. Констанца е главен град на областа Констанца и најголемиот град во регионот.
Remove ads
Според пописот од 2011 година, Констанца има население од 283.872, што го прави петти најнаселен град во Романија. Неговата површина е 39,26 км2 со должина од околу 30 километри. Во градот се наоѓа најголемото пристаниште на Црно Море и едно од најголемите во Европа[2].
Remove ads
Историја
Антички период
Според историчарот од 6 век Јорданес (после Касиодор), основањето на градот се препишува на масегетиската кралица Томирис[3].
Констанца се смета за најстариот постојано населен град во Романија. Тој бил основан во почетокот на 7 век п.н.е. во времето на големата грчка колонизација од доселеници од малоазиатскиот град Милет и првично бил познат како Томис. Населбата стекнала статус на град во 4 век п.н.е. Пристаништето било користено од Грците за трговија со месното население - Гети, Скити и Келти. Таквата трговска размена довела до голем развој на градот во текот на 3 век п.н.е. Градот бил во составот на Одринското Царство, но во 29 година п.н.е. бил освоен од Римјаните. Голем број на натписи кои биле пронајдени во градот и неговата околина, покажале дека денешниот град лежи врз некогашниот антички град Томис. Дел од овие натписи денеска се наоѓаат во Британскиот музеј во Лондон.
Во егзил своите последни осум години од животот во градот ги поминал познатиот римски поет Овидиj, опишувајќи го градот како разрушен од војните и културно заостаната населба на крајот од царството.[4]. Градот станал важен христијански центар уште во првите години на христијанството. Ширењето на верата во регионот му се припишува на Апостол Андреј.
Средновековен период
Градот првично бил дел од римската провинција Мизија, но по реформите на Диоклецијан станал центар на провинцијата Мала Скитија. Малку подоцна, градот го добил името Констанца, дадено од царот Константин I Велики во чест на неговата полусестра Флавија Максима Константија. Најстариот пронајден запис за ова име „Κωνστάντια“ датира од 950 година. Градот кој се наоѓа на брегот од Црно Море, во близина поминува Големиот ѕид на Трајан, и најверојатно и самиот тој бил опкружен со градски ѕидини.
На крајот од 6 век градот бил под опсада од Аварите, а потоа станал дел од Првото и Второто Бугарско Царство. Во 14 век Констанца бил во границите на Добруџанското Деспотство, а околу 1419 година бил вклучен во територијата на Отоманското Царство.
Модерен период
Во 1860 година била изградена железничка линија порзувајќи го градот со Чернавода на Дунав. Во времето на основање на Бугарската егзархија во 1870 година, градот бил вклучен под нејзино раководство. По Руско-турската војна од 1877-1878 година, Констанца заедно со цела Северна Добруџа станала дел од Романија. Градот станал главно пристаниште на земјата и главен транзитен пункт за романскиот извоз. Во 1889 година била изградена бугарска црква и бугарско училиште. По изградбата на мостот кај Чернавода во 1895 година градот се поврзал со романската железничка мрежа, и во исто време се изградила редовна линија до Истанбул.
Во следните години романските влади презеле сериозни мерки за колонизација на регионот, населувајќи го со Романци од сите краеви на земјата, Според географскиот речник на Ж. Чанков, во 1879 година во градот живееле околу 5.000 жители, и во самиот град не живеел ниту еден Романец. Кон 1918 година населението на градот било над 25.000 лица, од кои една третина Романци, а останатите се Бугари, Турци, Евреи, Грци и други.
При избувнувањето на Балканската војна во 1912 година, три лица од Констанца биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети. Во Првата светска војна, на 22 октомври 1916 година, градот бил окупиран од бугарски, германски и отомански војници. Согласно нератификуваниот од Романија Букурешки договор од 1918 година, градот останал во делот од Добруџа, поставена под заедничка контрола на Централните сили, но по капитулацијата на Бугарија во септември 1918 година Романија ја вратила контролата над областа.
Во периодот меѓу војните Констанца продолжил да расте како трговски центар и во 30-те години над половина од романскиот извоз поминувал низ неговото пристаниште. Спопред Крајовската спогодба од 1940 година, Романија ја отстапила Јужна Добруџа на Бугарија. договорот предвидувал и размена на население. За време на Втората светска војна Констанца и нејзиното пристаниште биле бомбардирани од воздухопловството на Обединетите Нации.
Remove ads
Клима
Констанца е еден од најтоплите градови во Романија. Констанца има гранична влажна суптропска и влажна континентална клима, со океански и полупустински влијанија. Постојат четири различни сезони во текот на годината.
Летниот период (крајот на мај до средината на септември) е тополо, суво и сончево во периодот од јули и август и просечната температува е 23 °C. Почетокот на летото носи многу врнежи, но од почетокот на јули времето станува многу топло.
Есен започнува во средината или крајот на септември, со топли и сончеви денови. Септември може да биде потопол од јуни, кое се должи на топлината акумулирана од страна на Црното Море. Првиот мраз се случува во просек во средината на ноември. Зимите се благи во споредба со другите градови во јужна Романија. Зимата во градот пристигнува многу подоцна отколку во внатрешноста на земјата и во декември времето често достигнува високи температури до 8 °C. Просечната температура во јануари е 1 °C.
Remove ads
Население
Според романскиот попис во 2002 година, во градот живееле 310.471 луѓе, што го прави петти најнаселен град во Романија. Според пописот од 2011 година, во градот живееле 283.872 жители.
Стопанство


Заочнувајќи од 1878 година, Констанца бил опишан и дефиниран како „сиромашно рибарско турско село“. Започнувајќи од 1920 година, градот бил опишан како „процутен град“, познат по извозот на нафта и житни култури[15].
Констанца е еден од главните индустриски, комерцијални и туристички центри во Романија[16]. Во текот на првата половина на 2008 година, околу 3.144 нови компании биле основани во градот и околината[17]. Пристаништето во земјата е најголемо и четврто во Европа[18]. Градот, исто така може да се пофали на релативно големо бродоградилиште[19].
Туризмот е важна економска активност во последниве години. Поради неговата близина до други големи туристички одредишта, градот добива голем број на посетители секоја година.
Remove ads
Сообраќај
Во 1895 година била отворена железничка линија кон Букурешт. Ова придонело до значителен транзит на трговија со жито и нафта.
Автопатот А2 обезбедува брз превоз помеѓу Констанца и Букурешт, додека покрај градот поминува и автопатот А4. Во градот се наоѓа меѓународниот аеродром Михаил Когалничеану.
Автобускиот превоз во градот се состои од 23 линии. Во почетокот на 2000-тите, градот купил 130 нови автобуси кои се обоени во различни светли бои, како розова, жолта и зелена боја. Исто така постои и двокатни автобуси Volvo кои работат во текот на летото и кои обезбедуваат пристап до и од одморалиштето Мамаја. Заочнувајќи од октомври 2013 година, цената на повратен билет е 3 леи. Трамвајот бил активен во превозот до почетокот на 2000-тите, заедно со две тролејбуски линии. Денеска постојат голем број на приватните минибуси.
Remove ads
Знаменитости
Плоштад Овидиј. Плоштадот бил дизајниран од страна на вајарот Еторе Ферари во 1887 година, и плоштадот е посветен на римскиот поет Овидиј, кој живеел во градот.
Римски мозаици. Мозаиците се наоѓаат во горнниот град до пристаништето. Денес, само околу една третина од оригиналната градба е останата, на плоштина од 850 м2. Мозаиците биле изградени кон крајот на 4 век. Археолошки траги укажуваат на постоење на работилници, магацини и продавници во областа.
Светилник. Светилникот е висок 7,9 метри и бил изграден во 1860 година.
Националната опера и балет Олег Дановски
Црква Свети Петар и Павле. Црквата била изградена во грчко-римски стил меѓу 1883 и 1885 година, но била сериозно оштетена за време на Втората светска војна, и обновена во 1951 година.
Џамија Махмудије. Џамијата била изградена во 1910 година. Денеска џамијата претставува седиште на муфтијата, духовниот водач на 55.000 муслимани кои живеат по должината на брегот на регионот Добруџа.
Remove ads
Политика
Remove ads
Спорт
Констанца е дом на неколку фудбалски клубови. ФК Виторул се натпреварува во првата романска лига. Постојат два рагби тимови: Фарул и Конструктул Клеопатра. Еден од најдобрите ракометни романски клувови од градот е РК Констанца.
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads