Костадин Стателов

From Wikipedia, the free encyclopedia

Костадин Стателов
Remove ads

Константин (Костадин) Евстатиев Стателов е бугарски учител и деец на доцната бугарска преродба.[1]

Кратки факти Костадин Стателов, Роден(а) ...

Биографија

Роден е во град Љасковец во 1864 година. Родот му има албански корени и се преселува таму во XVII век. Со стипендија учи педагогика во Москва, кадешто се запознава со Елена Стателова од Дебарско и двајцата склучуваат брак.[1]

Учителствувал со сопругата во различни градови, како Силистра, Шумен, Солун, Садово, Русе. Во 1882 година е назначен во Солунската бугарска машка гимназија како учител и инспектор - ја вршел распределбата на часовите, ги надгледувал класовите и поведението на учениците и учителите.[1] Во различни периоди ги раководел хорот и пансионот на гимназијата.[1] Во 1888 година за три месеца е директор на гимназијата по оставката на Георги Кандиларов.[2][1][3] Во септември 1884 година е избран за член на Солунската бугарска општина.[4] Управител е на бугарските училишта во Битолскиот вилает во годините 1888 – 89. После тоа станал учител и после директор на Солунската бугарска женска гимназија.[5]

Во 1895 година се населил во Варна. Во 1909 година отворил книжарница во Варна за руска и друга странска литература.[6] Бил учител и директор на Варненската гимназија.[1]

Починал во 1923 година во Варна.[7]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads