Котангенсна теорема

From Wikipedia, the free encyclopedia

Котангенсна теорема
Remove ads

Котангенсна теорема[1] – во тригонометријата оваа теорема е однос помеѓу должината на секоја од страните на даден триаголник и котангенсот од половинката од аглот наспроти страната.

Thumb
Триаголник заедно со впишаната кружница во него и поделбата на страните. Симетралите на аглите се сечат во центарот на впишаната кружница.
Thumb
Според горното резонирање, прикажани се сите шест дела.

Слично како што во синусната теорема размерот на секоја страна и синусот на аголот наспроти неа е еднаков на пречникот на опишаната кружница околу триаголникот (или нивните реципрочни вредности, во зависност од тоа како теоремата е изразена), котангенсната теорема е врска помеѓу полупречникот на впишаната кружница во триаголникот и неговите страни и агли.

Remove ads

Тврдење

Ако ги користиме вообичаените ознаки за триаголник при што (види ја сликата горе десно): се должините на трите страни на триаголникот, се темињата спротивни на соодветните страни, се соодветните агли при овие темиња, е полуобемот на триаголникот и е полупречник на впишаната кружница, тогаш котангенсната теорема гласи

Полупречникот на впишаната кружница е даден со

Remove ads

Доказ

На горната слика, допирните точки на впишаната кружница со страните на триаголникот го делат периметарот на триаголникот на 6 отсечки. Овие отсечки може да се поделат во 3 пара при што отсечките во секој пар имаат еднакви должини. На пример, двете отсечки на кои крајна точка им е темето A се еднакви. Ако се земе по една отсечка од секоја пар, нивниот збир е еднаков на полуобемот s. Пример за ова се отсечките во боја прикажани на сликата. Двете отсечки кои ја чинат црвената линија имаат збир , па сината отсечка мора да има должина . Очигледно, другите пет отсечки мора да имаат должини , или (како што е прикажано на долната слика десно). Од цртежот, користејќи ја дефиницијата за котангенс на агол, се добива

Аналогно се добиваат равенствата и за другите два агла, со што е докажано првото тврдење.

За второто, т.е. за формулата за полупречникот на впишана кружница, се почнува со формулата за котангенс на збир од три агла:

Применувајќи ја оваа формула на , се добива дека:

од каде

(ова е важен идентитет за звирот на три котангенси на аглите во триаголник). Со замена на вредностите добиени во првиот дел, се добива:

Множејќи го равенството со се добива . Aко на двете страни се побара квадратен корен, следува второто равенство.

Remove ads

Некои докази со користење на котангенсната теорема

Бројни други резултати може да се изведат од котангенсната теорема.

  • Херонова формула. Може да се забележи дека со симетралите на аглите на триаголник ABC, неговата плоштина е поделена на три пара од 6 помали триаголника, при што триаголниците од ист пар имаат еднакви плоштини. На пример, двата триаголника кај темето A, како правоаголни со страна и висина кон неа r, имаат плоштини еднакви на . Така, овие два триаголника имаат вкупна површина од , а плоштината на целиот триаголник е
Oттука се добива Хероновата формула за плоштина на триаголник изразена преку неговите страни
како што се бараше.
  • Молвајдеoва прва формула. Од формулата за синус од збир и разлика и котангенсната теорема се добива
Ова го дава резултатот
познат како прва Мовајдеова формула.
  • Молвајдеoва втора формула. Од формулата за собирање и котангенсната теорема се добива
Тука се бара еден дополнителен чекор за да се преобрази производот во збир, согласно формулата за збир/производ на котангенси.
Ова го дава резултатот
познат како втора Мовајдеова формула
Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads