Котопакси

From Wikipedia, the free encyclopedia

Котопаксиmap
Remove ads

Котопакси — активен вулкан сместен во Еквадор.

Кратки факти Котопакси, Највисока точка ...

Со ледници покриениот Котопакси е највисок активен вулкан на светот. Како еден од најактивните вулкани во Еквадор, тој има стрмни страни и речиси симетричен конус покриен со длабоки кратери, што како гнезда се всадуваат во неговиот врв. Сегашниот конус, избразден со засеци што биле направени од тековите лава и од лакарите, се создал во текот на последните 5,000 години. Котопакси има долга историја на експлозивни ерупции меѓу кои спаѓа и онаа од 1534 година, со која е завршена борбата меѓу Инките и шпанските конквистадори. Во текот на една од неговите најразорни ерупции во 1877 г., дошло до паѓање на еруптивниот столб и до создавање пирокластични текови и лахари кои ги уништиле блиските котлини, истекувајќи по насока над 100 км во Тихиот Океан.

Од 1738, Котопакси избувнал повеќе од 50 пати. Последната ерупција траела од август 2015 до јануари 2016.[2] Котопакси бил официјално затворен за искачување од страна на властите сè до неговото повторно отворање на 7 октомври 2017.

Remove ads

Опис

На ведро небо, Котопакси јасно се гледа во далечина од Кито[3] и претставува дел од синџирот вулкани околу тихоокеанската плоча позната како Тихоокеански Огнен Прстен. Тој има речиси симетричен конус кој се издига над висорамнината на височина од 3,800 метри со основа од 23 километри.[4] Поседува еден од малкуте екваторски ледници на светот, кој почнува на надморска височина од 5,000 метри. На врвот, Котопакси има 800 X 550 метри широк кратер со длабочина од 250 метри.

Thumb
Поглед на вулканот
Remove ads

Топонимија

Многу извори тврдат дека Котопакси на кечуански јазик означувал блескав куп или планина[5], но тоа не е потврдено. Локалните народи на Андите го сметале за „Света планина“ уште пред инвазијата на Инките во 15 век и го славеле како „испраќач на дождот“ а се сметало и дека боговите живеат на врвот. На чапалачи јазикот, името на вулканот би означувал „вратот на Месечината“ бидејќи кога Месечината е над вулканот остава таков впечаток.[6] Шпанскиот хроничар Антонио де Херера, кој во неговите дела ја споменува на ерупција на вулканот во 1533 година а вулканот го нарекува Латакунга.[5]

Thumb
Вулканот има внатрешен кратер внатре во кратерот. Боите ја покажуваат висината.[7]
Remove ads

Географија

Котопакси се наоѓа на западниот раб на Централните Кордиљери, наречени и Кордиљера Реал[8] Провинцијата вокоја се наоѓа вулканот го носи истото име. Главен град на провинцијата Котопакси е Латакунга, кој се наоѓа јужно од провинцијата Пичинча каде се наоѓа Кито, главниот град на Еквадор. Латакунга се наоѓа на околу 30 километри југозападно од вулканот а Кито е 60 километри северно.[9]

Топографија

Котопакси е стратовулкан со речиси совршен конус, на 5897 метри надморска височина и 3000 метри повисок од околните висорамнини[9]. Тоа всушност е составен од две вулкански зданија. Основниот дел, најстариот, е купа која се распаднала пред повеќе од 5.000 години и чии остатоци сè уште се видливи на север и југозапад во форма на испакнати релјефи. Овој стар дел од вулканот се вика Пикачо. Поновиот дел, сместен одозгора, го образува крајниот конус наречен Инкалома.[10][11] Покривајќи површина од 280 км2 со должина од 22 километри на широчина од 20 километри, неговиот волумен изнесува 272 км3[10]

Над 4900 метри надморска височина, вулканот е покриен со мраз и вечен снег на вкупна пресметана површина од 25 км2[8][9]

Еруптивен тип и вулкански ризик

Кратерот на Котопакси

Овој вулкан е експлозивен, со исфрлање на пепел, лапили (понекогаш во облик на пирокластични текови), односно лави од андезитски тип[9]. Тој емитувал и пемза составена од риолит.

На височина од над 5500 метри, ледничкиот карактер на гребенот ерупциите ги прави екстремно опасни бидејќи лавата се меша со снегот па од вулканот избива смртоносна каллива маса наречена лахар[9]. Вулканот е дотолку пострашен бидејќи брзината на исфрлениот вулкански материјал ги затекнува жителите на долината. Кратерот на Котопакси лесно е поднавален накај запад па ерупцијата е со тенденција да избива кон градот Латакунга кој повеќепати бил опустошен од лахар.

Remove ads

Историја

Thumb
Котопакси

Историја на ерупциите

Со 87 познати ерупции, котопакси е еден од најактивните вулкани во Еквадор.[12] Тефрохронологијата и студиите со радиојаглеродно датирање покажале дека Котопакси во повеќе наврати достигнал вулканска избувност 5 (пароксизмален плиниски избув) во период од 6.000 години. Според Глобалната програма за вулканизам на Смитсоновата институција, најголемите ерупции веројатно се случиле во 5820 п.н.е. и во 3880 п.н.е.[13] Првата забележана ерупција на Котопакси била во 1534 година.

Најсилните ерупции на вулканот во поновата историја се случиле во 1742, 1744, 1768 и 1877. Во 1744 и во 1768 ерупциите го уништиле колонијалниот град Латакунга. При ерупцијата на 26 јуни 1877, пирокластични текови се спуштале од сите страни на планината топејќи ја ледената капа, со лахари кои патувале повеќе од 100 километри во Тихиот Океан и западниот Амазонски басен.[12] Градот Латакунга уште еднаш настрадал под калливите талози.

Thumb
Котопакси виден од главниот град Кито

Сведоци на ерупцијата на 19 јуни 1742 биле научниците Пјер Бугер и Шарл-Мари де ла Кондамин, членови на француската геодетска мисија, при нивното спуштање од Гванга Пичинча.[14]

Имало голема ерупција од 1903 до 1904, и помали активности останале до 1940 и веројатно до 1942.[12]. Директните набљудувања биле отежнати поради лошото време па оттука била и несигурноста околу ерупцијата во 1942. Истиот извор наведува дека имало засилена топлинско-сеизмичка, нееруптивна активност во 1975 и во 2002 година. При активноста во 2002, имало фумаролска активност и зголемено испуштање на сулфур а мразот околу и во внатрешноста на југоисточната страна на конусот почнал да се топи. Сепак, не била забележана ерупција.[12]

Понова вулканска активност

Thumb
Вулканот Котопакси во септември 2015

Во 2015, две големи ерупции на пареа утрото на 14 август забележале нова фаза на вулканска активност[15][16] Вулканот покажувал зголемена активност а во август 2,100 земјотреси биле регистрирани а емисиите на сулфур диоксид достигнале до 20,000 тони дневно. Паднала вулканска пепел во области блиски до вулканот (вклучително оштетувајќи обработливо земјиште на падините на соседните вулкани како Ел Коразон) Пепелта достигнала до Кино,оштетувајќи ги јужните и централните подрачја на градот.[17] Владата алармирала дека 300,000 луѓе се во опасност од вулканот во провинциите Котопакси, Тунгурахуа, Напо и Пичинча.[18][19] Во октомври 2015 било соопштено од страна на локалните власти дека вулканот исфрлил два километри висок облак од пепел, видлив и од главниот град Кито, на 45 километри северно од вулканот. Идните ерупции на Котопакси носат висок ризик за месното население, нивните живеалишта и обработливото земјиште. Најголемата опасност од Котопакси е топењето на ледникот на врвот, што би довело со катастрофа предизвикана од лахари.[20] Некоја поголема ерупција, кон север, би уништила повеќе градови во долината во приградското подрачје на Кито, каде бројот на жители изнесува повеќе од 2,000,000).[21]

Thumb
Котопакси во Еквадор еден од највисоките вулкани во светот со 5897 метри надморскависочина
Remove ads

Туризам

Искачување

Првиот Европеец кој се обидел да се искачи на планината бил Александар фон Хумболт во 1802 година, но достигнал висина само од околу 4500 м. Во 1858 година, Мориц Вагнер ја истражувал планината, но ниту тој не можел да стигне до врвот. На 28 ноември 1872 година, германскиот геолог Вилхелм Рејс и неговиот колумбиски партнер Ангел Ескобар конечно го освоиле врвот на Котопакси.[22] Во 1873 година повторно бил освоен од Мориц Алфонс Штубел, а потоа во 1880 година од Едвард Вимпер. Сликарите Деч и Ханс Мејер стигнале на врвот во 1903 година а многу од сликите на Решрајтер содржат поглед на Котопакси.[23]

Во доцниот 20 век, освојувањето на Котопакси станало главна туристичка атракција. Планинарскиот дом Хосе Феликс Рибас бил изграден во 1971 година на надморска височина од 4800 метри и проширен во 2005 година. Тука се случила трагедија на празникот Велигден, во 1996 година, кога лавина делумно го затрупала домот заедно со десетици туристи. Ледникот веројатно попуштил поради земјотрес кој се почувствувал во целата провинција Котопакси неколку дена пред да надојде лавината во која загинале 13 лица.[24]

Thumb
Котопакси од Фредерик Едвин Черч, 1862.
Remove ads

Во уметноста

  • Котопакси е прикажан во традиционалните слики на Кечуаните бидејќи вулканот за нив имал значајна културна вредност.[25]
  • Котопакси бил тема во сликите на американскиот сликар Фредерик Едвин Черч во 1855 и 1862.
  • Во поемата Романса од Валтер Џ. Тарнер (1916), Котопакси е една од романтичните локации кои му го освоиле срцето на поетот.
  • Во американскиот филм Блиска средба од трет вид (1977) во режија на Стивен Спилберг, бродот по име Котопакси кој исчезнал во 1925 се појавува во пустината Гоби.
  • Во Ѕвездата (1897), расказ од Херберт Џорџ Велс, Котопакси еруптира и лавата стигнува до брегот во рок од еден ден.
Remove ads

Поврзано

  • Список на вулкани во Еквадор
  • Список на вулкани според бројот на жртви

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads