Коце Стоилковски
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Коце Јорданов Стоилковски ( во Црешево ― 1945 на Сремски фронт) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
Израснат е во сиромашно семејство. Основно училиште завршил во родното село. Од 1942 година активно работел за НОВ. Како општински чувар им доставувал вредни информации и податоци на партизаните. Во септември 1944 година стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада, со која учествувал во борбите против балистичките банди и Германците на Скопска Црна Гора и во Качаничката Клисура, а потоа и во борбите за дефинитивно уништување на балистичките банди на Косово. Со Бригадата учествувал во големиот пробив на Сремскиот фронт. Во тие борби храбро загинал, во април 1945 година.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads