Коцка

From Wikipedia, the free encyclopedia

Коцка
Remove ads

Коцката (или правилен хексаедар)[1] геометриско тело ограничено со шест квадратни страни (ѕидови), од кои по три се среќаваат во секое теме. Ова тело претставува посебен вид на квадратна (права) призма или паралелопипед со еднакви страни на рабовите.[2] Коцката е двојствена (дуална) на октаедарот. Има коцкеста симетрија (наречена и октаедрална симетрија). Посебноста на телото се состои во тоа што претставува квадар и ромбоедар.

Повеќе информации Правилен хексаедар ...
Remove ads

Декартови координати

Кај коцка со почеток во нејзиното средиште, рабови паралелни на оската и должина на работ од 2, Декартовите координати на темињата се

(±1, ±1, ±1)

додека пак внатрешноста се состои од сите точки (x0, x1, x2) со −1 < xi < 1.

Формули

Кај коцка со раб a:

плоштина
волумен
странична дијагонала
просторна дијагонала
полупречник на опишана кружница
полупречник на топка тангентна на рабовите
полупречник на впишана кружница
агли меѓу страните (во радијани)

Волуменот на коцката е должината на страната дигната на трет степен (a × a × a) што се нарекува „на куб“ (латински збор за коцка). Аналогно на ова, плоштината на еден квадрат е должината на страните „на квадрат“.

Remove ads

Својства

Thumb
Единаесетте мрежи на коцката.

Коцката има единаесет мрежи (една е претставена погоре на сликата). Ова значи дека постојат единаесет начини на нејзино расклопување, расекувајќи седум раба.[3] За да ја обоиме коцката за ниедни две соседни страни да немаат иста боја, ќе ни требаат барем три бои.

Коцката може да се расече на шест истоветни квадратни пирамиди. Ако нив потоа ги прикачиме на страните на друга коцка, добиваме ромпски додекаедар (со парови од копланарни триаголници сложени во ромпски страни.)

Други димензии

Еквивалентот на коцката во четиридимензионален простор се нарекува тесеракт или хиперкоцка. Хиперкоцката (n-димензионална коцка, т.е. n-коцка) поточно е аналогна на коцката во n-димензионален простор, додека пак тесерактот е хиперкоцка од 4 ред.

Коцката има свои пандани и во нижите димензии: точката (0 димензии), отсечката (1 димензија) и квадратот (2 димензии).

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads