Кочилари

село во Општина Градско From Wikipedia, the free encyclopedia

Кочилариmap
Remove ads

Кочилари — село во Општина Градско, во околината на градот Велес.

Кратки факти
Remove ads

Географија

Кочилари се наоѓа на 15 километри јужно од Велес, северозападно од општинскиот центар Градско. Атарот на селото се граничи со атарите на селата Куридере на север, Згрополци на југ, Ногаевци на југоисток, но и со општините Велес на запад и Лозово на исток. Селото се наоѓа на надморска височина од околу 150 метри и е во близина на Вардар.

Историја

За време на Отоманското Царство селото било дел од Велешката каза. Според бугарските извори, селото во 1878 година имало 52 домаќинства со 392 жители Муслимани, од кои 251 биле Торбеши.[2] Според истите бугарски извори, односно според Васил К’нчов, селото во 1900 година имало 630 жители, сите Турци.[3] По Балканските војни Турците од селото се иселиле во Турција.

Стопанство

Главни стопански дејности на жителите се земјоделството и сточарството.

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 600 Турци.[4]

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 130 жители, од кои 6 Македонци, 105 Албанци и 19 Турци.[5]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 113 жители, од кои 5 Македонци, 72 Албанци, 15 Турци, 1 Бошњак, 15 останати и 5 лица без податоци.[6]

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[7]

Повеќе информации Година, Македонци ...

Родови

Кочилари било турско село.

Според истражувањата од 1920-1924, родови во селото:

  • Доселеници: Фаризлер (3 к.), Аметчаушлар (5 к.), Еминпеливанлар (7 к.), Хоџа-Алилер (8 к.), Козар-Шајинлар (5 к.), Али-Вејселер (7 к.), Мизин-Аметлер (15 к.), Алилџајалар (10 к.), Зулфалер (20 к.), Чам-Аметлер (11 к.) и Максуд-Усеинлер (9 к.) сите овие родови биле многу стари доселеници од Анадолија; Маџурлар (1 к.) доселени биле од околината на Ловеч во Бугарија. Основачот на родот дошол како домазет во родот Мизин-Аметлер; Мемедовци (1 к.) доселени биле во 1921 година од селото Мелница кај Велес.[8]
Remove ads

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 2217 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[9]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 142 гласачи.[10]

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта
  • Селиште — населба од римско време
  • Црква — црква и некропола од средниот век

Иселеништво

Турците од селото во најголем број се иселени во Турција.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads