Кошево

село во Општина Штип From Wikipedia, the free encyclopedia

Кошевоmap
Remove ads

Кошево — село во Општина Штип, во околината на градот Штип.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Thumb
Разрушен објект во селото

Кошево се наоѓа во југоисточниот дел на Општина Штип, во изворишното сливно подрачје на реката Отиња, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Радовиш. Селото е сместено на југозападните огранки на планината Плачковица.[2] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 800 метри. Од градот Штип, селото е оддалечено 18 километри.[2]

До селото води делумно асфалтиран пат, кој на делницата помеѓу Никоман и вртењето за Калапетровци е земјен.

Remove ads

Историја

Селото настрадало при борби помеѓу ВМРО и ВМФРО во 1922 година. По инструкции на Тодор Александров мештаните ја предале федеративната чета на Крум Зографов на српската потера. Како одговор, дел од федералистите го нападнале селото, а подоцна четниците на ВМРО ги убиле помагачите на федералистите.

Стопанство

Атарот на селото зафаќа простор од 12,7 километри квадратни. На него преовладуваат пасиштата на површина од 1.018 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 213 хектари, а на шумите само 22 хектари.[2]

Селото, во основа, има полјоделско-сточарска функција.[2]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Кошево живееле 150 жители, сите Македонци.[3]

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Кошево имало 184 жители, сите Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[5]

Кошево е мало село, коешто е во фаза на наполно раселување. Така, селото во 1961 година имало 202 жители, а во 1994 година 17 жители, македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото живееле 5 жители, сите Македонци.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 4 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]
Remove ads

Самоуправа и политика

На крајот од XIX век, Кошево било село во Штипската Каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Штип, една од ретките општини која не била променета при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Штип.

Во периодот 1957-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Штип. Во периодот од 1955 до 1957 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Радање.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Радање, во која покрај селото Кошево, се наоѓале и селата Вртешка, Голем Габер, Ебеплија, Јунузлија, Калапетровци, Калаузлија, Кепекчелија, Курфалија, Кучилат, Кучица, Мал Габер, Мичак, Муратлија, Никоман, Оџалија, Почивало, Прналија, Радање и Шашаварлија. Селото припаѓало на Општина Шашаварлија во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Калапетровци, Кошево, Никоман, Почивало и Шашаварлија.

Избирачко место

Thumb
Поглед на главната селска црква „Св. Петка“

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 2314 според Државната изборна комисија, сместено во простории на шумска куќа на ЈП „Македонски шуми“ во селото Почивало.[11]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 67 гласачи.[12] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 69 гласачи.[13]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Цркви
Реки

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads