Коњушница (Орман)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Коњушница — археолошко наоѓалиште во атарот на скопското село Орман, Македонија.[1]
Претставува населба од железното и раноантичкото време, некропола со мавзолеј од доцноантичкото време и старохристијанска базилика.[1]
На 1 километар западно од селото и околу 10 километар северозападно од Скопје е откриена еднокорабна базилика со зачувани темелни партии до 1 метар височина. На просторот на базиликата и околу неа се откриени траги од населба од железното време. Наодите од раноантичкото време се: столб со натпис посветен на Јупитер и Јунона, како и делови од надгробни споменици. Ископувања се изведени во 1940 година (Р. Грујиќ) и во 1957 и 1983 година (Б. Алексова). Наодите се чуваат во Музеј на Македонија во Скопје.[1]
Remove ads
Поврзано
- Барица — населба од неолитското време;
- Брес — населба од средниот век;
- Манастириште — црква од средниот век;
- Св. 40 Маченици — некропола од доцноантичко време;
- Орман; и
- Список на археолошки наоѓалишта во Скопско.
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads