Крале Марко и орелот
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Марко Крале и орелот (српски: Марко Краљевић и орао) е српска епска (јуначка) песна.
Содржина
Крале Марко лежи покрај патот, а еден орел му прави сенка со крилата. Од гората се јавува самовила која го прашува орелот каква добрина му направил Марко. Тогаш, орелот раскажува дека за време на Косовската битка, птиците долетале за да јадат човечко месо. Тогаш, неговите крила се натопиле со крв, а потоа се исушиле на сонцето и тој не можел да полета, а Марко го спасил. Во друга прилика, за време на еден пожар во Косово, Марко ги спасил неговите орлиња, еден месец ги хранел во својот дворец, а потоа ги пуштил во планината.[1]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads