Крапешино

From Wikipedia, the free encyclopedia

Крапешино
Remove ads

Крапешино или Крапештина (грчки: Ατραπός, Атрапос) - село во Егејска Македонија, Република Грција, во општината Лерин, во областа Западна Македонија. Според пописот од 2011 година селото броело 150 жители.

Кратки факти Крапешино Ατραπός, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Крапешино е сместено на јужните падини на планината Лута, 6 км оддалечено од Лерин. Селото се наоѓа на надморска висина од 880 м. Вкупната површина на селскиот атар е 24 км2[2].

Историја

Според преданието селото било основано на крајот на 18 или почетокот на XIX век од Крапо, Влав по народност, по кого селото го добило името[2].

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Крапештина се води како чисто македонско село во Леринската каза на Битолскиот санџак со 50 куќи.[3]

Во Грчката граѓанска војна селото не настрадало многу, но заради неподносливата состојба околу 20 семејства пребегнале во Република Македонија и источноевропските земји[2].

Remove ads

Демографија

На почетокот на XX век според К’нчов селото броело 320 жители, а Милоевиќ наведува 70 македонски куќи. Меѓу двете светски војни во прекуокеанските земји емигрирале 53 лица, од кои извесен број ги повлекле и своите семејства. Движењето на населениото по години е следното[2]:

  • 1913 - 430 жители
  • 1920 - 502 жители
  • 1928 - 543 жители
  • 1940 - 508 жители
  • 1951 - 466 жители
  • 1961 - 318 жители
  • 1971 - 219 жители
  • 1981 - 160 жители
  • 1991 - 199 жители

Стопанство

Основни стопански гранки на населението се земјоделието и сточарството. Главни производи се жито и грав.

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads