Крапска Река

река Поречието, западна Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Крапска Река
Remove ads

Крапска Река или Крапа — поголема десна притока на реката Треска. Според карактерот на нејзиниот тек, таа е типична понорница.[1]

Кратки факти Крапска Река Крапа, Местоположба ...
Remove ads

Тек

Реката Крапа го има изградено своето поречие во јужниот дел од масивот на планината Даутица, собирајќи ги водите на нејзината западна падина. Таа е типична понорница која своите води ги внесува во реката Треска.[2]

Должината на постојаниот водотек изнесува 11,1 км, а должината на скратената долина, во која подземно тече Крапа е 12,1 км.[2]

Извор

Извира под врвот Бел Камен на височина од 1.900 метри, каде ги собира водите од повеќе извори како Студен Клајнец под врвот Старци, Бела Вода и потоците Плевниште и Бороечки Дол, и има површинско истекување на водата сѐ до под селото Крапа каде што понира во три понори, а за време на висок водостој и преку четврти.[2]

Понор

Главниот понор се наоѓа во најнискиот дел од проширената долина. Има облик на бунареста вртача која од десната и челна страна е каменлива и стрмна, а левата поблага составена во горниот дел од речен нанос. Дното на понорот е исполнето со мил и гранки.[2] При нормални води сета вода на реката Крапа пропаѓа преку овој понор. Од овој главен понор долинското дно се издига и преку два поголеми превали продолжува најпрво кон север, а потоа кон запад и се спушта во долината на Треска.[2]

Во овој дел нема никакво површинско истекување на вода, а дното е исполнето со карпи и плитки вртачи. Во долниот дел над самата некогашна утока на Крапа во Треска е изградена пештерата Пешница од која избива повремено врело. Вкупната должина на Крапската Долина изнесува 23,2 км.[2]

Remove ads

Крапска Понорница

За време на високи води во пролет и во есен, водата од Крапската Понорница се јавува во врелото на пештерата Пешница, меѓутоа за време на ниски води ова врело пресушува и се поставува прашањето каде избива водата од Крапска Река по понирањето во Крапскиот Понор.[1][2]

Со движењето на оваа вода е поврзано едно интересно научно откритие што го констатирал професорот Манаковиќ. Имено со боење во 1958 година тој утврдил дека водата на Крапа која понира во главниот понор се јавува над селото Девич во врелото Асановец. Тоа се наоѓа на левиот брег на Треска, иако поречието на Крапа е изградено од нејзината десна страна. Значи, подземниот тек на Крапа преку сифонски канали го минува коритото на Треска и се јавува во врелото Асановец кое е од левата страна на Треска.[1][2]

Remove ads

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads