Крапа

село во Општина Македонски Брод From Wikipedia, the free encyclopedia

Крапаmap
Remove ads

Крапа — село во Општина Македонски Брод, во областа Порече, во околината на градот Македонски Брод.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Thumb
Дел од селото, во позадина новиот Крапски манастир

Селото се наоѓа во областа Порече, во источниот дел на територијата на Општина Македонски Брод, чиј атар се издига до сртот на планината Даутица.[2] Селото е планинско, на надморска височина од 1.020 метри. Од градот Македонски Брод е оддалечено 14 километри.[2]

Селото има мошне голем атар, кој зафаќа простор од 44,4 км2. На него преовладуваат пасиштата на површина од 2.864 хектари, на шумите отпаѓаат 1.744 хектари, а на обработливото земјиште 215 хектари.[2]

До селото води асфалтиран пат, кој се двои од регионалниот пат кој води до градот Прилеп, во непосредна близина на историското село Барбарас.

Remove ads

Историја

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Кичевската нахија (Nahiye-I Kirçova) со 44 семејства, 3 неженет и 1 вдовица, сите христијани.[3]

Во XIX век, Крапа било село во Прилепската каза на Отоманското Царство, иако географски припаѓа на Поречието.

Вкупно 9 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[4]

Стопанство

Селото има мешовита земјоделска функција.[2]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Крапа имало 600 жители, сите Македонци.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Крапа имало 560 жители.[6]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Крапа се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 65 куќи.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 600 Македонци.[8]

Од Крапа се иселил значителен дел од населението, па затоа во него бројот на население се намалил од 612 жители во 1961 година, на само 93 жители во 1994 година, македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Крапа имало 69 жители, сите Македонци.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 38 жители, од кои 32 Македонци и 6 лица без податоци.[10]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]

Родови

Крапа е македонско православно село, родовите во селото се староседелски и доселенички.

Староседелски родови во селото се: Степановци (11 к.) и Мазневци (26 к.).

Доселенички родови се: Богојевци (4 к.) се од Крапска Бара во Прилепско Поле; Дурдевци (14 к.) доселени се од Костур или Костурско во Егејска Македонија; Којовци (12 к.) доселени се од Крушево или Крушевско; Шарковци (7 к.), Јановци (4 к.) и Мојсовци (1 к.) потекнуваат од ист предок, и доселени се од селото Браилово, Прилепско; Сидоровци (4 к.) доселени се од Саждево, Прилепско; Ѓинкаровци (4 к.) доселени се исто така од Саждево; Стојановци (2 к.) доселени се од селото Пашино Рувци; Димановци (6 к.) доселени се од Локвица; Трпевци (2 к.) доселени се од раселеното село Барбарос; Крстевци (1 к.) доселени се, али не сакале да кажат од каде.[15]

Remove ads

Самоуправа и политика

Thumb
Поглед на Крапска Река

Селото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Брод.

Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Дебреште, во која влегувале селата Дебреште, Јакреново, Крапа, Кошино и Саждево.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Дебреште, во која покрај селото Крапа се наоѓале селата Барино, Дебреште, Жабјани, Јакреново, Кошино, Лажани, Ропотово и Саждево.

Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Дебреште.

Во периодот 1957-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Брод.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод.

Избирачко место

Во селото постои избирачко место бр. 0230 според Државната изборна комисија, кое е сместено во приватна просторија.[16]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 34 гласачи.[17] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 29 гласачи.[18]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Thumb
Главната селска црква „Св. Никола“
Археолошки наоѓалишта[19]
Цркви[20]
Манастири
Реки[21]
Пештери
Remove ads

Личности

Родени во Крапа
  • Тренко Рујанов — член на македонската револуционерна организација, а подоцна водач на српска чета.
  • Тасе Конев — србомански војвода
  • Данил Стојанов — србомански војвода
  • Ацо Багалоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[22]
  • Анѓеле Змејкоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[22]
  • Билбил Здравески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[22]
  • Божин Мирчески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[22]
  • Борис Смилески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[22]
  • Волкан Мирчески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[22]
  • Гордан Димитроски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[22]
  • Дано Костадиноски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[22]
  • Данчо Стојаноски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[22]
  • Дамјан Пројчески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[22]
  • Змејко Митески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[22]
  • Петре Смилески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[22]
  • Митре Багалески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[22]
  • Петре Димоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[22]
  • Стојан Миткоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[22]
  • Стојан Дурдески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[22]
  • Лозан Созданоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[22]
  • Трајан Мирчески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[22]
  • Трајан Филипоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[22]
  • Темелко Стојкоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[22]
  • Трајко Димоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[22]
  • Тренко Миткоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[22]
  • Цветан Мирчески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[22]
  • Ванче Богески (1924 - 1945) — загинат во НОБ.[23]
  • Ѓоргија Илиоски (1924 - 1944) — загинат во НОБ.[23]
  • Микајле Сазданоски (1920 - 1944) — загинат во НОБ.[23]
  • Никола Димески (1906 - 1944) — загинат во НОБ.[23]
  • Славе Степаноски (1924 - 1945) — загинат во НОБ.[23]
  • Ѓуро Трајкоски (1900 - 1943) — загинат во НОБ.[23]
  • Тасе Петрески (1900 - 1943) — загинат во НОБ.[23]
  • Војче Китаноски - (1955 - 2023) — македонски хуморист
Починати во Крапа
Remove ads

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads