Девич
село во Општина Македонски Брод From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Девич — село во Општина Македонски Брод, во областа Порече, во околината на градот Македонски Брод.
Remove ads
Географија и местоположба

Селото се наоѓа во областа Порече, во средишниот дел на територијата на Општина Македонски Брод, непосредно до реката Треска.[2] Селото е рамничарско, на надморска височина од 525 метри. Од градот Македонски Брод е оддалечено 8 километри.[2]
Атарот зафаќа површина од 14,1 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 107,1 хектар, а на обработливото земјиште 97,7 хектари.[2]
Remove ads
Историја
Во непосредната близина на селото Девич, на 2 километри јужно од селото, веднаш над левиот брег на реката Треска, се наоѓаат зачувани рушевини од ѕидините на Девини Кули, археолошко наоѓалиште на тврдина од доцната антика и средниот век. Непосредно до ѕидините во селото постојат урнатини од Девичка Црква, чие име не е познато, а според стилот на градбата веројатно потекнува од XIV век. Се претпоставува дека сестрата на крал Марко, Дева, овде изградила средновековен град, па аналогно на тоа се смета дека црквата била изградена во втората половина на XIV век. Ова се поткрепува и со народното предание, според кое, во кулите живееле две од четирите сестри на Крале Марко, Дева и Пешна. Првата живеела во кулата која била најсилно бранета тврдина во целиот регион, додека втората живеела во тврдината на влезот од пештерата Пешна.[3]
Средновековниот град, наречен Девич, го наследил античкиот како најдобро утврдено градиште на реката. Изграден е по српското освојување кон крајот на XIII или XIV век. Рударството тогаш силно се развило и градот бил економски центар на регионот. По османлиското освојување, рударството згаснало и административниот центар на областа Порече бил преместен јужно кон Македонски Брод. Самиот град Девич не е споменат во османлиските документи, што укажува дека тој исчезнал[4].
Во XIX век, Девич било село во Поречката нахија на Кичевската каза на Отоманското Царство.
Вкупно 6 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[5]
- Ѕидините на Девини Кули
- Ѕидини од источната кула на Девини Кули
- Средновековната Девичка Црква под Девини Кули
- Средновековната Девичка Црква под Девини Кули
Remove ads
Стопанство
Селото има полјоделско-шумарска функција.[2]
Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Девич имало 210 жители, сите Македонци.[6] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Девич имало 160 жители.[7]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Девич се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 15 куќи.[8]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 200 Македонци.[9]
Девич е мало село, коешто во 1961 година броело 264 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 125 жители, македонско население.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Девич имало 86 жители, сите Македонци.[10]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 50 жители, од кои 43 Македонци и 7 лица без податоци.[11]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[12]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[13]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]
Родови
Девич е македонско село.
Селото го основал некој дечко од Охридско, потоа повикал и други од својот крај да се населат.
Според истражувањата од 1926 година, родови во Девич се:
- Доселеници: Грдановци (13 к.), Гидиовци (4 к.), Мотлевци (2 к.) и Кочовци (1 к.), сите овие родови се доселени од Охридско; Наковци (3 к.), доселени се од селото Крушје (Горно или Долно), родот во Крушје е доселен од Закамен; Шоповци (1 к.), доселени од околината на Ќустендил; Брушковци (1 к.), доселени од Кичево, каде имаат роднини; Јаќимовци (1 к.), потекнуваат од селото Арангел во Кичевско, најпрво се населиле во Крушје, па од таму во Девич; Прпаровци (1 к.) доселени од Барбарос, сега раселено село.[16]
Remove ads
Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Македонски Брод.
Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Брод, во која влегувале селата Брод, Девич, Дреново, Латово, Сланско, Суви Дол и Требино.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Брод, во која покрај селото Грешница се наоѓале селата Брод, Девич, Дреново, Латово, Сланско, Суви Дол и Требино.
Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Брод.
Во периодот 1957-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Брод.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод.
Избирачко место
Во селото постои избирачко место бр. 0232 според Државната изборна комисија, кое е сместено во приватна просторија.[17]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 55 гласачи.[18] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 51 гласач.[19]
Remove ads
Културни и природни знаменитости
- Археолошки наоѓалишта[20]
- Девини Кули — градиште од доцноантичко време и средниот век;
- Дрење — населба од римско време; и
- Пешна — гробница од доцноантичко време.
- Цркви[21]
- Црква „Св. Ѓорѓи” — главна селска црква
- Црква „Св. Архангел Михаил” — помала црква во близина на пештерата Пешна
- Девичка Црква — средновековна црква во урнатини
- Реки
- Пешница — кратка река, која извира од пештерата Пешна
- Пештери
- Пешна — споменик на културата, како и пештера со најголем отвор на Балканот
Remove ads
Личности
Личности родени во Девич:
- Димко Андоноски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[22]
- Ниче Димески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[22]
- Серафпм Радески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[22]
- Стојмир Николоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[22]
- Цане Радески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[22]
- Душан Симјаноски (1911 - 1944) — загинат во НОБ.[23]
- Митана Станкоска (1912 - 1944) — загината во НОБ.
- Цвета Димоска (1887 - 1944) — загината во НОБ.
- Велимир Ј. Костовски (1922 - 1984) — географ[24]
Remove ads
Галерија
- Сретселото во Девич
- Куќи во Девич
- Зградата на некогашното четиригодишно основно училиште „Димитар Влахов“
- Куќи крај пештерата Пешна
- Куќи крај пештерата Пешна
- Внатрешноста на пештерата Пешна
- Црквата „Св. Ѓорѓи“
- Црквата „Св. Архангел Михаил“
- Црквата „Св. Петка“
- Фрагменти од наоѓалиштето Девини Кули
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads