Криви Дол (Радање)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Криви Дол — некропола од железното време кај селото Радање во општина Карбинци. Се наоѓа на северниот крај на селото, од левата страна на суводолицата Криви Дол, во некогашната нива на М. Иванов, денес населена со новоградби. Во 1942 година Иван Венедиков извршил мало сондажно ископување. Подоцна, во 1956/57 година, во организација на Народниот музеј од Штип, под раководство на Милутин и неговата сопруга Драга Гарашанин, биле извршени систематски истражувачки работи. Биле откопани и проучени поголем број гробови со инхумација под мали тумули. Според погребниот ритуал и карактерот на гробните прилози од керамика, метал, килибар и друго, поточно, според видот на предметите и орнаментиката, некрополата е датирана во VII-VI век пред н.е. Наодите од првото ископување се чуваат во Музејот на Македонија во Скопје, а од вторите во Заводот и музеј во Штип.[1]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads