Карбинци

село во Општина Карбинци From Wikipedia, the free encyclopedia

Карбинциmap
Remove ads

Карбинци — село и административно седиште на истоимената општина, сместено во околината на градот Штип.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Ова село се наоѓа во средното сливно подрачје на реката Брегалница, недалеку од нејзината лева страна. Карбинци претставува средишно и административно место на истоимената општина.[2] Селото е рамничарско, на надморска височина од 293 метри. Од градот Штип е оддалечено 14 километри.[2]

Селото се наоѓа во западното подножје на планината Плачковица. Со градот Штип е поврзано со локален пат.[3]

Историја

Карбинци е старо село, бидејќи уште во 1348 година селската црква „Св. Врачи“ била спомената од страна на царот Душан, која ја приложил на манастирот Хиландар. Црквата се претпоставува дека потекнува од периодот пред XIV век.[2]

Во XIX век, Карбинци било село во Штипската каза на Отоманското Царство.

За време на Српската окупација од 1912 г. до 1941 г. (подоцна од 1918 г. Кралство на Србите, Хрватите и Словенците; од 1929 г. до 1941 г. Кралство Југославија) Карбинци страда силно.[4] Следното сведоштво го дава еден жител на Карбинци за српските злосторства[4]: „Во летото 1914 г. во нашето село Карбинци (Штипско — б.а.) дојде Јован Бабунски со голема група четници кои бараа да го предадеме сокриеното оружје, да ги потскажеме јатаците на комитите, дезертерите и бегалците во Бугарија. Сите молчевме. Тогаш, од насобраните селани беа издвоени: Маца Панева Георгиева, Цилка (Цика) дедо Ефремова, Доне Ефремов, поп Панче Прналиев од Штип, Стојан Кицоров, Коце Петров Дамбев, Мите Наков, Атанас Манолев и Михаил Балабанов од Штип (на прекар го викаа ефенди Михаил).[4]

Најпрво беше тепана тетка Маца П. Георгиева за која некои раскажуваа дека претходно била групно давена од четниците. Јас за такво нешто не знам. Ја тепаа со дрва и спрострена лежеше на земјата. Четворица бевме што ја носевме на раце од турската кула до дома. На ист начин со дрва ја тепаа и Цилка. И неа ја носеа на раце блиските роднини. Во моментот не умреа. Лежеа 2—3 месеца во постела, нозете и грбот почнаа да им гнијат, им паѓаше месо од раните и така испоумреа. Братот на Цилка, Доне Ефремов го поведоа со нив и не се врати, исчезна беследно. Додека останатите цели три дена и три ноќи ги измачуваа во турската кула. Соседите слушале како офкаат кога ги боделе со бајонетите. На третиот ден во вечерните часови ги одвлекле од кулата во непознат правец. Блиските роднини од селото и од Штип ги бараа насекаде цела една година, но не пронајдоа ни трага од нив.[4]

Едно овчарче по народност Турче, кое на прекор го викавме момокот на Рангел, случајно со своето стадо се нашло во месноста „Мртвите”, се скрило во една грмушка и гледало и слушало се што им правеле на нашите селани. Еве што ни раскажа овчарчето по една година од злосторството: „Оние што не можеа да одат ги влечеа за рацете и нозете, а оние што беа на нозе ги бодеа со штикови во задникот и во грбот. Устите им беа изврзани, не можеа да викаат, туку само хрчеа. Ископаа дупка во орманот и живи ги закопаа. Јас се тресев во грмушката. Штом тие си кренаа, ги потерав овците и си дојдов, но не можев да спијам ниту тогаш, ниту сега”. Штом разбравме за тоа од Турчето, отидовме на местото и ги откопавме. Навистина живи биле закопани. На сите рацете им беа полни со коса, а забите им беа стегнати.”[4]

Remove ads

Стопанство

Атарот зафаќа простор од 7,1 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 574 хектари, на пасиштата отпаѓаат 66 хектари, а на шумите само 55 хектари.[2]

Селото, во основа, има исклучително полјоделска функција. Во селото има услужни објекти, земјоделска задруга и оранжерија.[2]

Главно занимање на жителите е производство на житни култури, посебно на оризот.[3]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото имало 184 жители, од кои 144 Македонци и 40 Роми.[5] Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 168 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци и 25 до 50 други жители.[7]

Селото е средно по големина, со пораст во бројот на населението. Така, во 1961 година броело 537 жители, од кои 500 Македонци, 15 Срби, 9 Турци и 11 жители неопредели, а во 1994 година 643 жители, македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Карбинци живееле 673 жители, од кои 672 Македонци и 1 Србин.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 574 жители, од кои 555 Македонци, 1 Ром и 18 лица без податоци.[9]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]
Remove ads

Општествени установи

Самоуправа и политика

Селото претставува административно седиште на Општина Карбинци, која била една од ретките општини кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така се наоѓало во Општина Карбинци.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Штип. Селото припаѓало на некогашната општина Штип во периодот од 1957 до 1965 година. Во периодот од 1955 до 1957 година селото се наоѓало во рамките на тогашната општина Радање.

Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната Општина Карбинци, во која покрај селото Карбинци, се наоѓале и селата Аргулица, Бурилчево, Караорман, Козјак, Кучичино, Припечани, Руљак, Таринци и Црвулево. Селото било дел од некогашната Општина Аргулица во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Аргулица, Бурилчево, Карбинци, Козјак, Кучичино, Припечани, Руљак и Црвулево.

Избирачко место

Во селото се наоѓа избирачкото место бр. 2324 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 517 гласачи.[15]

На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 522 гласачи.[16]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Thumb
Главната селска црква „Вознесение Христово“
Археолошки наоѓалишта[17]
  • Беш Тепе — градска населба од доцноантичкото и римското време.
Цркви[18]
Споменици на културата
  • Куќа на Дамбеви — споменик на културата на Македонија
Споменици

Личности

Починати во Карбинци
  • Гено Димитров (1877-1903) — македонски револуционер
  • Коце Лазаров (?-1903) — македонски револуционер
  • Јордан Варналиев (1883-1903) — македонски револуционер
  • Илија Белев (1884-1903) — македонски револуционер

Култура и спорт

Во селото работат фудбалскиот клубови „Карбинци“ и „Јуки Карбинци“.[19]

Галерија

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads