Кривошијски Водопад
водопад на Кривошијска Река, Шар Планина From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Кривошијски Водопад, наречен и Горно Цкало,[1][2] ― водопад[3] на Кривошијска Река,[4] во атарот на Бозовце, Општина Тетово, Македонија.
Особености
Водопадот се наоѓа во горниот тек на Кривошијска Река. Се наоѓа на надморска височина од 1.880 м, а вкупниот пад му изнесува 14 метри (9 м + 5 м). Протекот на водата низ водопадот варира и во зависност од сезоната се движи од 20-150 литри во секунда. Водата е студена, а нејзината температура обично е околу 10-12 Целзиусови степени. Без оглед на релативно малиот протек, водната завеса преку карпата е широка 2-3 м и се распрснува во бројни ситни капки кон подножјето.[1]
Remove ads
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads