Бозовце
село во Општина Тетово From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Бозовце (албански: Bozofci или Bozovcë) — село во Општина Тетово, во околината на градот Тетово. Бозовце е село од збиен вид, со тесни и стрмни улички.[2]
Remove ads
Географија и местоположба
Бозовце е сместено во долината Лешница на Шар Планина. Бозовце и неговиот атар се наоѓаат на западниот раб на Општина Тетово. На исток граничи со селото Вешала и неговиот атар. Растојанието помеѓу Бозовце и Вешала е 2 км по пат. На југ граничи со Општина Боговиње, поточно со атарите на селата Јеловјане, Урвич и Ново Село. На запад граничи со Република Косово.
Историја
Стопанство
Атарот е мошне голем и зафаќа простор од 56,7 км2. На него преовладуваат пасиштата на површина од 3.559,4 ха, шумите заземаат површина од 1.123,5 ха, а на обработливото земјиште отпаѓаат 506,8 ха. Селото има мешовита земјоделска функција.[3]
Согласно 2022 година, Бозовце има места кои нудат угостителски услуги со традиционално подготвена храна.[4] Селото има продавница, согласно 2020 година.[5]
Население
На крајот од XIX век Бозовце е албанско село во Тетовската каза на Османлиското Царство. Според статистикате од 1900 г. „Бозовци“ е село, неселено од 330 жители Арнаути муслимани.[6]
Според статистиките од 1929 година, селото споменато како Бозовец припаѓало во Селечката општина со средиште во Шипковица и има 73 куќи со 472 жители Албанци.[7]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 450 Албанци.[8]
Во 1961 година селото броело 837 жители, од кои 754 биле Албанци и 64 жители Турци, додека во 1994 година бројот на населението се зголемил на 1.012 жители, од кои 998 се Албанци и четири жители Турци.
Според пописот од 2002 година селото има 924 жители, од кои 1 Македонец, 921 Албанец и 2 останати.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 174 жители, од кои 137 Албанци, 1 останат и 36 лица без податоци.[10]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]
Родови:
Како најстари албански родови во селото Бозовце се споменуваат двата рода: Алиалар (25 куќи) и Укалар (25 куќи). По потекло се од Љума (во денешна северна Албанија), а овде живеат од почетокот на XIX век.[15]
Бозовце е албанско село по народност.
Според истражувањата од 1940-тите родови во селото се:
- Доселеници: Алилар (25 к.), Укалар (25 к.) доселени се од Љусна во денешна северна Албанија; Чајан (11 к.) доселени се од Љума во северна Албанија; Велки (16 к.) доселени се од селото Топојане во Љума, северна Албанија; Стрезњан (12 к.) доселени се од местото Стреза во Малесија, северна Албанија; Одалар (7 к.) доселени се од местото Орѓуше во северна Албанија; Фанци (9 к.) доселени се од Фанде во северна Албанија, таму биле католици, и имаат роднини, католици; Брајче (10 к.) доселени се од Малесија во северна Албанија.[16]
Remove ads
Општествени установи

- ПОУ „Беса“ - подрачно основно училиште за ученици од прво до петто одделение[5][17]
- Амбуланта[5]
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 2085 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[18]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 957 гласачи.[19]
Културни и природни знаменитости
- Природни облици
На два километра од селото се наоѓаат познатите Шарпланински езера Голем, Мал и Црн Ѓол.
- Лешница - долина во која е сместено селото
- Бозовачко Eзеро - ледничко езеро југозападно-западно од Бозовце
- Пена - месно нарекувана Бозовска Река, река која тече низ Лешница и Бозовце
- Лешничка Река - притока на Пена
- Кривошијска Река - притока на Пена
- Кривошијски Водопад - водопад во горното течение на Кривошијска Река
- Кривошијско Езеро - ледничко езеро југозападно од Бозовце
- Храмови
- Археолошки наоѓалишта
Remove ads
Редовни настани
Личности
- Фадиљ Сулејмани (р. 1940), политичар и пратеник
Култура и спорт
Иселеништво
Галерија
- Бозовце гледано од север
- Сретсело
- Влезот на селото
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads