Општина Тетово
општина во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Општина Тетово — општина во Западна Македонија. Седиште на општината е градот Тетово. Со новата територијална поделба на Република Македонија од 2005 година, кон Општина Тетово биле припоени општините Џепчиште и Шипковица.
Remove ads
Географија
Тетово се наоѓа на северозападниот дел на Република Македонија, на падините на Шар Планина, односно на Долната Полошка Котлина. Денеска општината Тетово зафаќа простор од 261, 89 км2, а заедно со новосоздадените општини произлезени од неа и кои и до ден денеска гравитираат кон неа, таа површина изнесува 1.053 км2.
Тетово се наоѓа на 460 – 500 метри надморска височина и има умереноконтинентална котлинска клима со просечна годишна температура од 11,6 °C.
Климатско – почвените, хидрографските и просторните услови одговараат за развој на земјоделството и сточарството, односно преку поволните температури, погодни почви со висока бонитетна вредност и обилното количество на воден потенцијал се овозможува одгледување на житни, градинарски, овоштарски, фуражни и некои индустриски култури. Во однос на сточарството, истите тие услови одговараат посебно за развој на говедарството и високопланинските пасишта, за предуслов за развој на овчарството.
Реката Пена, бисерот на градот и вечниот предизвик на тетовчани, е најубавиот украс со којшто природата го дарувала ова прекрасно поднебје. На неа се наоѓаат и неколку хидроцентрали, изградени во педесеттите и шеесеттите години на XX век.



Remove ads
Демографија
Гледано од демографски аспект, Општина Тетово е мултиетничка средина со 86.580 граѓани и претставува една од најголемите општини по број на жители во Македонија.[2]
Следува етничкиот состав на населението во општината:
Вероисповед | Вкупно |
православни | 20.182 |
муслимани | 65.499 |
католици | 91 |
протестанти | 3 |
останати | 805 |
Според верската припадност над 80% се муслимани а останатите православни христијани.
Етничкиот состав на населението што живее само во градот изнесува 35,07 % Македонци, 54,61 % Албанци, а останатото се други претежно Роми и помалку Срби и Турци.
Јазик | Вкупно |
македонски | 20.470 |
албански | 61.363 |
турски | 2.083 |
ромски | 1.605 |
влашки | 12 |
српски | 390 |
Босански | 103 |
останати | 554 |
Remove ads
Општествени установи
Самоуправа и политика
Градоначалник на општина Тетово е Биљал Касами од редовите на БЕСА. Тој бил избран на локалните избори од 2021 година за првпат со мандат од четири години.[3] Советот на општина Тетово е составен од 31 член. Според последните локални избори од 2021 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2021-2025 се:

ДУИ: 10 места
БЕСА: 8 места
ВМРО-ДПМНЕ: 4 места
АА: 3 места
СДСМ: 2 места
ДПА: 2 места
Независни: 2 места
Remove ads
Културни и природни знаменитости
Тетово спаѓа меѓу најстарите градови во Македонија, во кој низ историјата се испреплетувале голем број култури засновани врз традицијата на граѓанските општества кои живеат во овие простории. Градот го добива името по легендарниот јунак Тето (Ктето) кој спореед легендата го исчистил местото од змии.
Како најпознати културно споменични наследства се набројуваат: Шарена џамија, Арабати Баба Теќе, Амамот, Стариот мост, Тетовското Кале, Лешочкиот Манастир и др, кои исто така придонесуваат за развојот на туризмот. Во 2001 година, поради воените дејства, Лешочкиот Манастир беше целосно уништен и разурнат, за летото 2005 повторно да се издигне, со помош на Европската Агенција за реконструкција и развој.
Главното место за развој на туризмот го држи туристичкиот центар Попова Шапка и другите природни убавини на Шар Планина, кои се познати по придонесите кон развојот на белиот спорт во земјата па и во светски размери.
Remove ads
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Карактеристичен е преминот на Тетово од високоразвиен културен центар на zападна Македонија (што претставувал од средината на XIX век па сè до средината на XX век), во доста пасивен град во поглед на културата (при крајот на XX и почетокот на XI век).
Иако центар на култура практично не постои, Домот на Културата „Иљо Антевски Смок“ на некој начин ги поврзува повеќето културно-општествени манифестации кои се одржуваат во Тетово. Во Тетово постојат три македонски културно-уметнички друштва, едно албанско и едно турско.
Особено познати и признаени се тетовскиот градски женски хор „Менада“ како и детскиот женски хор „Лале“ кои секоја година настапуваат на поголем број домашни и меѓународни натпревари и фестивали, каде имаат освоено повеќе први, втори и трети места, како и Гранд При награди.
Секоја година, во летниот период се одржува хорскиот фестивал „ТЕХО“ на кој настапуваат поголем број на машки, женски и мешани хорови од Македонија и странство.
Remove ads
Иселеништво
Историски фотографии од Тетово
- 1930
- Љуботен, Шар Планина, 1931
- 1936
- 1939
- Шарена џамија, 1930-тите
- 1943
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads