Кристина Арнаудова
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Кристина Арнаудова (родена на 21 септември 1979 во Неготино) — македонска пејачка, музичар, изведувач, продуцент, композитор, текстописец, хуманитарец и филантроп.
Таа е претседател и основач на здружението за деца во социјален ризик „Проект Среќа“.[1]
Промоцијата на нејзиниот деби-албум „Возови“ бил во кафулето Mr. Jack Cafe во Скопје. Албумот се состои од 11 песни кои се компонирани од повеќе композитори вклучувајќи ја и самата Кристина. Песни кои ги вклучува овој албум се: „Знаеш кој е тој“, „Подај ми рака“, „Возови“ и популарната „Прашина“ која станала голем хит на македонските радио-станици.
„Прашина“ бил првиот албум во кариерата на Кристина. Заедно со главната песна, има уште 6 други песни во албумот, кои таа ги снимила со нејзиниот поранешен бенд Big Bang, исто така и хитот „Знаеш кој е тој“ кој бил голем хит на радио и телевизија во летото 2001 година. На 14 февруари 2008 година, во дискотеката Hard Rock, Кристина го промовирала новиот материјал, албумот „2007“ со 12 песни.
Remove ads
Животопис
Првиот допир со микрофонот, таа го имала на четири годишна возраст во градинка кога настапувала на претстави. Пресудна улога во нејзината љубов кон музиката има нејзиниот вујко (тапанар) и пробите кои тој ги има со својот бенд под покривот на нивниот дом. Со изразен талент за пишување песни, од мала почнала да пишува песнички.
Пораснала во мултиетничко семејство со дедо Турчин и баба Влаинка, порасната од нејзината мајка.
Средно образование завршува во родното Неготино, во гимназијата Св. Кирил и Методиј - насока општа гимназија.
Во 1996 година, со 16 години, таа сама се пријавила на фестивалот „Тин Фест“. Резултатот бил прво место помеѓу 150 кандидати од цела Македонија. Таа ја снимала својата прва песна која немала поголема медиумска популарност. На 16 години, основа бенд кој има месни настапи и свирела поп-рок, звук по кој станува препознатлива.
Во 1997 година станува дел од рок-бендот Сага со кого снимиле само една песна и тоа претставува нејзин најголем успех дотогаш.
Во 1998 година, на покана на Давор Јордановски, станува член на Биг Бенг, група со која останува до 2000 година. Со Биг Бен снимаат неколку песни кои добро поминуваат кај публиката.
Истата година завршува средно образование, и се запишала на Правниот факултет, отсек новинарство, и се преселила во Скопје, каде живее до денес.
Remove ads
Соло кариера
Во 2000 година, таа започнала соло кариера со песната „Сонце“, дело на Александар Ристевски - Принц.
Во 2003 година, таа го издава албумот „Возови“ на кој се наоѓаат 14 песни, од најпознатите македонски автори, а 8 од нив добиваат третман на хитови, завршувајќи на првите места на сите макеоднски топ листи, меѓу кои „Подај ми рака“, „Судено ти е“, „Дали мислиш на нас“, „Возови“, „Твоја до крај“.
Албумот „Возови“ е сопственик на наградата „Најдобар албум на 2003 година“, а на годишните манифестации добил повеќе од 10 номинации, меѓу кои за хит на годината, пејачка на годината, текст на годината, најдобар видео-запис и сл.
Во 2004 година, таа се запишала на Бизнис колеџ „London University“ каде во 2007 година дипломирала како и го стекнала звањето бизнис администратор. Студиите по новинарство никогаш не ги завршува.
Во 2006 година, таа стапила во брак со нејзината долгогодишна љубов, со тогашнипт ракометар Александар Петровски, кој потоа станал тренер, а во 2017 година, генерален директор на Спортскиот Центар „Борис Трајковски“.
2008 година, таа го издала албумот „2007“, на кој се наоѓаат 12 песни, од најдобрите македонски автори, а таа овде се јавила за прв пат и како целосен извршен и музички продуцент на истиот.
На овој албум се наоѓаат песни како „Немам срце за друг“ „Голи во срцата“ „Прв и последен“ „Зошто“, кои завршиле на првите места на македонските топ листи, а песната „Не ме оставај“ останала запаметена по тоа што се задржала 7 недели на првото место на најпознатиот интернационален музички канал МТВ, на списокот на изведувачи од целиот Балкан, а на интернационалната музичка листа стигна до третото место, заедно со сите светски изведувачи.
Во 2010 година, Кристина станала мајка, раѓајќи го Максим, по што следува мала медиумска пауза, кога таа се посветила на семејството и детето.
Во 2012 година, таа ја снима „Само еднаш“ нејзина авторска песна, а потоа ја прави и химната за РК Металург, „Металург е шампион“.
Во меѓувреме, таа работела заедно со Васил Хаџиманов со кој ја преработиле култната „Да си мерак песна“, и ја промовирале во јуни 2012 година.
Во 2013 година, таа ја објавила „Земи ме“, песна која е нејзина авторска. „Земи ме“ е сопственик на наградата за најдобар поп рок хит на Радискиот фестивал 2014.
На Скопскиот фестивал во 2013 година, таа ја извела песната „Нема нема“.
Мај 2014 година го објавува албумот „Земи ме“ насловен по најпознатата песна на него, и песните од тој албум вклучувајќи ја и дуетската со групата „Eye Cue“ стануваат хитови на радиостаниците.
На „Скопски фестивал“ 2015 се јави како автор на две композиции, од кои едната, „Убава“ која потоа стана и најголем хит а беше изведена од групата „Eye Cue“ го освои првото место на фестивалот.
Во 2015 година, Кристина го основаше здружението „Проект Среќа“, здружение кое се занимава со подобрување на квалитетот на живеење на децата во социјален ризик, и децата со помалку можности.
Кристина во склоп на здружението го отвори и првото бесплатно училиште за музика и уметности за деца во социјален ризик „Гитари Дирки и Свирки“ кое се наоѓа во Скопје, а исто така го отвори и Детското Драмско Студио „Неверленд“ за деца во социјален ризик, кое е исто така бесплатно.
Во 2016 се реализира вторпат како мајка, и се раѓа нејзиниот втор син Матео.
Remove ads
Награди
- 2017-„филантроп на годината во Македонија, награда од здужението Хорус со поддршка на Европската Унија
- 2018- награда на Story award за јавна личност со најголема општествена одговорност во Македонија
- 2019- Жена со најголемо општестествено влијание – награда од „Жени претприемачи на годината“
- „Возови“-Албум на годината 2003
- Хит на годината„за 2014 година „Земи ме“
- Хит на годината за 2018 година „Љубена“
- Прво место на Скопски Фестивал 2015 -музика и текст „Убава“

Приватен живот
Кристина Арнаудова е мажена со сопругот Александар и со него ги има синовите Максим и Матео.[2] Таа е ќерка на пејачот Гоце Арнаудов.
Спотови
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads