Крстец
село во Општина Прилеп From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Крстец — село во Општина Прилеп, во околината на градот Прилеп.
Remove ads
Географија и местоположба

Селото Крстец се наоѓа на планината Бабуна, оддалечено 13 километри североисточно од градот Прилеп.
Историја
Црквата „Свети Никола“ е од 1881 година.[2]
Во XIX век селото е дел од Прилепската каза на Отоманското Царство.
Стопанство
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Крстец живееле 300 жители, сите Македонци.[3] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Крстец имало 176 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Крстец се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 22 куќи.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[6]
Според пописот на населението во 2002 година, во селото имало само 1 жител, Македонец.
Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]
Родови
Крстец е македонско село.
Според истражувањата од 1954, родови во селото:
- Староседелци: Петревци (9 к.) и Кочовци (3 к.)
- Доселени со непознато потекло: Зердевци (3 к.) и Валчевци (2 к.), некогаш биле еден род; Колевци (5 к.) и Ристевци (4 к.), и они некогаш биле еден род.[11]
Remove ads
Општествени установи
Самоуправа и политика
Културни и природни знаменитости
- Цркви
- Црква „Св. Никола“ од 1881 г.
Редовни настани
Личности
Личости загинати во Крстец или неговата близина:
- Тодор Гечев - македонски партизан, учесник во НОВ на Македонија
Култура и спорт
Иселеништво
Постари иселеници има во Тиквеш.
пет семејства од Кочовци се иселени во Прилеп. И до 1954 година од селото се иселиле 20 семејства во Прилеп.[11]
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads