Тодор Гечев

From Wikipedia, the free encyclopedia

Тодор Гечев
Remove ads

Тодор Глигоров Гечев - Пекарев познат и како Тодораќо Гечев (15 октомври 1915 во Неготино29 октомври 1944 во Крстец) — македонски партизан, учесник во НОВ на Македонија.[1]

Кратки факти Роден, Починал ...

Животопис

Потекнувал од чесна и вредна фамилија, во која уште како мал работел по туѓи лозја, по туѓи афиони и по туѓи житја за да заработат за леб и гола живеачка. Иако бил надарен за учење, неговите родители не можеле да го пратат на понатамошно школување од основното училиште. Тодораќо подоцна се обидел да учи занает кај Ќиро Фурнаџијата, но од продавање ѓевреци не можело многу да се спечали. На негова тринаесетгодишна возраст починал неговиот татко, па така тој продолжил да работи како аргат, за да ги прехрани својата мајка си и помалата сестра. Кога потпораснал во почетокот на формирањето на КПЈ во Неготино, во 1940 година, Тодораќо е еден од шесте членови на првата партиска ќелија, а во почетокот на 1941 година се наоѓа меѓу шестемина членови на Првиот Местен комитет на КПЈ во Неготино. Неговата куќа, иако мала, секогаш била отворена за илегални состаноци. Во неа секретарот на ПК на КП за Македонија, Лазар Колишевски одржал состанок со воената комисија, формирана од Месниот Комитет.[1]

Thumb
Биста на Тодораќо Гечев-Пекарев.

На 10 мај 1943 година, кога неговата другарка е бремена, Тодораќо заминува со првите партизани, во првиот строј на партизанскиот одред „Добри Даскалов“, Тодораќо го добива партизанското име “Пекарев“ и бил поставен за интендант на одредот. Во најтешките моменти на одредот, во мај-јуни 1943 година, Пекарев го снабдувал одредот со леб, а со пушката одел и во извидница и чувал стража. Во септември 1943 година, додека е Пекарев во баталјонот „Страшо Пинџур“, му се родила ќерка. Учествувал во сите непроспиени ноќи, блокади, и заседи на партизанскиот одред „Добри Даскалов“ во Тиквешко. Сите борби и акции на првиот тиквешки баталјон „Страшо Пинџур“ и целиот борбен пат на Втората бригада се и негови борбени патишта. Во нив Пекарев е политички раководител, а на формирањето на Единаесетта македонска ударна бригада тој е партиски раководител и заменик на политички комесар на бригадата.[1]

Во септември 1944 година неговата бригада го ослободува Кавадарци и завзема позиција кон Неготино. Во тие денови порачал да му ја донесат ќерката. Набргу го донеле неговото едногодишно дете, а тој долго го гледа и го кревал високо. На 28 октомври 1944 година, бригадата на Пекарев завземала позиција на реонот на Крстец пред Плетвар и во зорите на 29 октомври 1944 година, врши силен јуриш на германските колони oд пешадија и борни коли, кои се движат на патот кон Градско. Одненадеж други германски едници што доаѓале од Прилеп, извршиле гранатирање на позициите на бригадата. Во непосредна близина на Пекарев паднала граната и парче од неа го погодила во вратот. На самото место починал Пекарев, три дена пред да дојде слободата во тој крај.[1]

Денес во слободно Неготино, во негова чест, улица во центарот на градот го носи неговото партизанско име - Пекарев[1][2]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads