Крст (Таринци)

археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Крстархеолошко наоѓалиште во штипското село Таринци. Претставува могила од римско време [1],[2]. На излезот од селото, лево од патот за селото Радање има мала височинка со вештачки зарамнето плато на кое се поставени новите гробишта. На северозападниот крај на висорамнинката се наоѓале две могили. Едната била голема, со пречник во основата од 42 м и височина од 4,60 м, а другата помала, со пречник од околу 15 м и височина од 1,80 м. Наоѓалиштето и могилите се познати во литературата од археолошките ископувања. Имено, во 1942 година И. Венедиков ја истражувал малата могила и во неа открил гроб со кремиран покојник од II век. Подоцна, од 1961 до 1963 година, во организација на Музејот од Штип и под раководство на М. и Д. Гарашанин е извршено ископување на големата могила. Во средиштето на основата е откриено богато погребување на личност со висок општествен статус – кнез, од I - II век. Најдени се две клади од кои на едната бил изгорен покојникот, а на другата колата на која бил донесен. Могилите лежат во атарот на античкиот град Баргала убициран во месноста Беш Тепе - Анче кај селото Карбинци. Наодите од кнежевската могила сечуваат во Заводот и музеј во Штип.

Повеќе информации Основни податоци ...

Венедиков И., 1948, 90; Грбиќ; М., 1954, 115; Гарашанин М. и Д.,

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads