Крушевски колбас

From Wikipedia, the free encyclopedia

Крушевски колбас
Remove ads

Крушевскиот колбас е врвен традиционален специјалитет од крушевското поднебје. Заедно со крушевскиот локум и целуфки, како и крушевската пита се најпрепознатливите кулинарски обележја на градот. Може да се најде во месните гостилници и во месарниците во Крушево.

Крушевскиот колбас и Вевчанскиот луканец се традиционални македонски колбаси кои од неодамна влегоа во светската арка на вкусови поддржана од организацијата ,,Slow Food”. Карактеристично за овие колбаси е тоа што при нивното производство не се користи нитритна сол. Поради тоа и нивниот рок на траење е ограничен на 3-10 дена. [1]

Thumb
Крушевски колбас направен во една од крушевските месарници.
Remove ads

Состав и приготвување

Крушевскиот дробен колбас се прави исклучиво од свежо месо.

Главни состојки се:

  • 7,5 - 8 дела свинско (месо и сланина)
  • 2 - 2,5 дела говедско месо
  • Праз
  • Печени суви пиперки
  • Зачини (сол, бибер, и други тајни состојки)

Месата, празот и пиперките се дробат (сечкаат) на ситни парчиња (1цм) и смесата се остава да отстои еден ден.

Отстоената смеса се става во свинско црево и се прават парчиња од 15-20 цм. коишто се оставаат да се сушат (на одредена температура) 2-3 дена.

Remove ads

Приготвување за јадење

Колбасот најдобро е да се пече на скара, но може да се пече и во тавче.

Најважно при печењето е да не се додава масло за да се зачува изворниот вкус на колбасот.

Крушевски колбас со месо од дивеч

Зимно време, кога е ловна сезона, кај крушевските месари може да се најде и варијантата на Крушевскиот колбас со месо од дивеч.

Според нив ваквиот колбас ја зголемува половата моќ на мажите[2].

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads